Протеините од јајцето се од непроценлива важност во исхраната на човекот. Освен што се незаменлива намирница во исхраната, со комплексот протеини и витамини кои ги содржат се идеален сојузник на здравјето и убавината на кожата. Во продолжение ви ја презентираме популарната маска за лице која откако еднаш ќе ја пробате ќе продолжите да ја употребувате постојано.
Потребни состојки
- 1 јајце
- неколку хартиени шамивчиња или салфети
Подготовка и начин на употреба
Во посебен сад се одвојуваат белката од жолчката и се матат. Откако белката ќе стане пенлива со помош на четка се нанесува на претходно исчистено и суво лице. По нанесувањето лицето се прекрива со хартиените шамивчиња или салфети претходно исечени според обликот на вашето лице со оставање отвори за очите и устата. Врз шамивчињата се нанесува остатокот од белката и се остава маската да се суши се додека не постане корава (30-тина минути). Откако ќе се исуши со нагли повлекувања се отстрануваат шамивчињата од лицето и лицето се мие со млака вода.
Откако лицето ќе се исуши со четка се нанесува изматената жолчка и се остава да се суши 10-тина минути. Потоа лицето се мие со млака вода.
Се препорачува маската да се користи еднаш неделно за одржување на чиста,мека и негувана кожа.
Напомена: Доколку имате лице склоно кон создавање акни при подготовката на маската во белката додадете неколку капки лимонов сок.