Артериовенски малформации на мозокот – АВМ

0

Артериовенска малформација на мозокот претставува систем на дилатирани артерии, кои директно, без посредство на капиларна мрежа, се вливаат и комуницираат со венскиот систем.

Етиолошки фактори

Етиологијата е конгенитална и недоволно позната. Се смета дека се работи за промени во ембрионалниот развој на капиларната мрежа од ендотелниот канал, од 3 до 5 недела од бременоста.

Карактеристики на артериовенската малформација

Локализација:

  • Поглавината;
  • Коските на черепот;
  • Мозочните обвивки;
  • Мозочен паренхим.

Големина:

  • Од неколку мм до гигантски, кои ја зафаќаат целата мозочна хемисфера и се шират на двете мозочни хемисфери.

Кои се симптомите?

  • Иако артериовенските малформации се вродени аномалии, сепак првите симптоми најчесто се јавуваат од 20-30 год. од животот. Еден од знаците за артериовенска малформација може да биде епилептичен напад.
  • Интермитентни невролошки дефицити.
  • Интракранијални крварења, кои најчесто се манифестираат како интрацеребрално крварење. Поретко интравентрикуларно, а многу ретко како субарахноидално крварење.
  • Субјективен шум во ушите кој е синхрон со пулсот кој може да биде и објективен на стетоскоп во 5-10% од случаите.

Дијагноза

  • ЕЕГ
  • КТМ
  • Ангиографија
  • МРИ

Терапија

  • Хируршка;
  • Емболизација;
  • Радиотерапија, ако е длабоко во функционалните зони.

 

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Илина Гаџевска е родена на 13.01.1986 во Скопје. Средно образование завршува во Д.С.М.У. „Д-р Панче Караѓозов“ - Скопје во 2004 год. Со називот Доктор на општа медицина се здобива во 2010 год. со завршување на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје. Со лиценца за работа од Лекарската комора на Р.М. се стекнува во 2011 год. Моментално е на специјализација по општа хирургија. Имам многу позитивно мислење за оваа идеа и проект. Како што е запишано во многу медицински книги: „Ако постои добра едукација и превенција, нема да има болести за лекување.“ Редно беше да постои ваков креативен, модерен и ефективен начин тоа да се спроведе.