Шипката е природен чистач на организмот и благ лаксатив поради тоа што содржи овошна киселина. Таа како овошје најчесто се користи за правење чај, сирупи, мармалад, а може да се јаде и свежа бидејќи нема појава од несакани дејства врз организмот и може да се консумира во неограничени количини.
Содржината на витамин Ц во шипката е полезна за секого. Особено се препорачува на жени во постпородилен период бидејќи Витаминот Ц кога се претвора во млеко добро делува за развој на бебето. Витаминот Ц во комбинација со другите корисни состојки во шипката, лесно се апсорбираат во гастроинтестиналниот тракт.Шипката има и диуретичко дејство па затоа полезно е да ја користат лицата со реума, бубрежни каменчиња и проблеми при мокрење. Во неа има и голема количина на фолна киселина и Витамини А и Е, а од минералите застапен е калиумот.
Шипката има и антиоксидантно дејство и придонесува во спречувањето на штетните оксидативни процеси кои се одвиваат во телото.Доколку редовно се консумира придонесува за здрав изглед на косата, кожата и ноктите. Го дополнува во одредена мера недостигот на железо во организмот. Од суштинска важност е за здравата структура на забите, непцата и на коските.
Чајот од шипка се препорачува особено на есен, кога времето е променливо и најчести се настинките, бидејќи истиот лесно ја намалува температурата. Овој чај има и најдобро и најефикасно дејство и со тоа го зајакнува имунитетот, а воедно и организмот.
-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-