Ова цитрусно овошје со зелена кора и светлозелена пулпа, често се поистоветува со лимонот, затоа што имаат ист изглед и мирис. Но, лимета (зелен лимон) припаѓа на друг вид цитруси. Околу 100 гр лимета содржи 30 калории, 11 гр јаглени хидрати, 1,7 гр шеќери, 0,2 гр масти, 0,7 гр протеини и дури 29 мг витамин Ц. Ова овошје е најкисело и има силни антибактериски својства.
Лековитите својства на лиметата
Лиметата е “супер лимон” кој го подобрува варењето, спречува запек и уринарни инфекции, ги ублажува респираторните тегоби и тегобите со гингивата и кожата, а корисен е при диети за слабеење. Се употребува во кулинарството и во козметиката.
Миризливите масла кои ги содржи плодот од ова овошје го подобруваат варењето на храната, а чаша со топла вода во која е растворен сокот од лимета помага при слабеење.
Етеричните масла од ова овошје го зголемуваат излачувањето на желудочните сокови, жолчката и киселините и ја стимулираат цревната перисталтика, па затоа се препорачува при опстипација (запек).
Овие масла се користат за подготовка на балзам и инхалатори, кои во краток рок го олеснуваат дишењето и ги олеснуваат респираторните тегоби предизвикани од респираторни инфекции.
Лимета е многу богат со калиум и е ефикасно средство за елиминирање на токсичните супстанции кои се насобираат во бубрезите и мочниот меур, со што го убрзува лекувањето на уринарните инфекции.
Богат е со витамин Ц и се употребува во случај на крварење од гингива и осетлива гингива.
Сокот од лимета го ублажува осипот и чешањето на кожата предизвикани од инфекција, а козметичките препарати направени на база на ова овошје го враќаат сјајот на кожата.
Лимонската киселина од плодот на лимета е одлична за согорување на мастите, затоа се препорачува кај дијабетичарите, а напитоците со вкусот на ова цитрусно овошје проверено е дека го закрепнуваат организмот.
Екстратот од есенцијалните масла е составен дел од многу парфеми, производи за чистење на кожата, сапуни и дезодоранси, а со тоа многу се користат и во ароматерапиите.
Предлог рецепт со лимета
Потребнo
- 2 лимети
- 2 лимони
- 2 портокали
- 4 киви и
- 2 лажици мед.
Овошјата се лупат и се блендираат. Овој напиток најдобро е да се конзумира наутро бидејќи дава сила за целиот ден и претставува права витаминска бомба.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-