Регулирање на подуеноста во стомакот преку исхраната

Со правилниот избор на исхрана може да ја регулирате подуеноста во стомакот. Во продолжение ви претставуваме избор на храна која треба да ја консумирате во поголеми количини, како и храна која треба да ја избегнувате…


Повеќе треба да јадете…

  • Пробиотски јогурт – кој помага во одржување на рамнотежата на цревната флора, но тоа го прави само оној јогурт кој содржи активни јогуртни (био) култури. Доколку секојдневно го пиете имате можност да го забрзате намалувањето на телесната тежина, а со тоа да го намалите и обемот на стомакот.
  • Зеленчук – доколку го консумирате во големи количини, ја поттикнувате работата на дигестивните ензими.

 

  • Вода – за да ја забрзате работата на бубрезите потребно е да испиете околу 2 литри вода дневно. Со водата полесно ќе се ослободите од токсините и отровите во организмот. Се смета дека најубаво е да се пие вода 15 минути пред јадење или 1 час после јадење.
  • Магдонос – е билка која се додава во секое јадење. Таа е природен диуретик и поттикнува излачување на вишокот течности од организмот. Се смета дека е природен лек за намалување на високиот крвен притисок.

  • Житарки – изобилуваат со диетални растителни влакна. Ја забрзуваат работата на цревата, а со тоа ја намалуваат подуеноста во стомакот.

Избегнувајте да јадете….

  • Мешункаст зеленчук – се препорачува да не се јаде особено во деновите пред месечниот циклус. Гравот, леќата, грашокот, брокулата се зеленчуци со висока нутритивна вредност.
  • Газирани пијалоци – јаглеродниот диоксид во нивните меурчиња е причина за создавање гасови и чувство на подуеност во стомакот.

  • Сол – ја врзува водата во организмот. Доколку јадите пресолени јадења, бидете сигурни дека ќе чувствувате надуеност во стомакот поради преголемото количество вода кое ќе го испиете.
  • Гума за џвакање – со самото џвакање вие голтате воздух кој останува заробен во стомакот и предизвикува надуеност.

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!