Аутизмот е комплексна состојба со епидемиски карактер. Најновите статистички податоци укажуваат на зголемен број на деца кај кои што е дијагностициран аутизам. Овој тренд на пораст на бројот на аутистични деца условува правилен избор на соодветен тераписки пристап и формирање на мултидисциплинарен тим, кој навремено ќе се вклучи во разрешување на оваа комплексна состојба.
ХБОТ (Хипербарична кислородна терапија) е единствен тераписки пристап со кој истовремно се постигнува детоксикација на организмот и се поттикнуваат регенераторните механизми, што претставува клучен чекор во третманот на аутизмот.
Дејството на ХБОТ на зоните со намалена мозочна перфузија
СПЕКТ скенот дава јасен приказ на зоните со намален проток на крв во мозокот кај децата со аутистичен спектар на нарушувања. Во овие зони настануваат метаболни, биохемиски и инфламаторни промени. Притоа постои јасна корелација помеѓу клиничката симптоматологија и зафатените мозочни регии.
Со примена на хипербарична кислородна терапија се остварува моќен ефект на будење на мозочните клетки, познати како „заспани“ или „мрзеливи“ неврони, кои можат да заздрават. Но, процесот на заздравување се случува само во услови на оптимални концентрации на кислород, кои се обезбедуваат со ХБОТ.
Терапискиот успех се потврдува со контролни СПЕКТ скенови, на кои се регистира зголемен проток на крв и зголемена мозочна активност.
СПЕКТ Скен пред и по изведување на хипербарична кислородна терапија:
Кога детската игра станува реалност
ХБОТ постигнува позитивни ефекти во сите сфери на детското функционирање. Воспоставуавањето на игра, емоционалениот однос со родителите, намалувањето на хиперактивноста, се дел од позитивните ефекти кои се постигнуваат уште во првиот циклус од спроведување на ХБОТ. Со континуирано спроведување на хипербаричната кислородна терапија се постигнува значајно подобрување на вербалната комуникација и когнитивните функции.
ХБОТ претставува чекор кој води до социјализиација и интеграција на децата со аутистичен спектар на нарушувања во општеството.