Честопати сте се запрашале како делува грипот врз луѓето кои се болни или кои неодамна се избориле против оваа опасна подмолна болест? Дали и какви компликации тој би претизвикал врз овие пациенти? Еве неколку прашања на кои ние ви даваме одговор, прочитајте ги внимателно.
Дали болните од рак треба да се вакцинираат против грип?
Одговорот на ова прашање е категорично да. Луѓето кои се избориле или сеуште се борат со ракот, треба да примат вакцина против грип. Имунитетот кој ќе се создаде можеби нема да биде исто толку силен колку оној што ќе се создаде кај нормално здрави лица, но секогаш ќе биде подобар отколку воопшто да не се прими вакцина. За типот на вакцината која ќе треба да ја примат против грип, болните од рак, мора да се посоветуваат со нивниот лекар.
Дали вакцината против грип може да ја попречи терапијата против рак?
Досега, нема докази каде што се потврдува дека влијанието на вакцината против грип, може да и попречи на терапијата против рак. Затоа се препорачува сите луѓе кои имаат болест со нарушен имунитет да примаат вакцина против рак.
Колку е важна вакцината против грип?
Вакцината против грип не само што е важна за самите пациенти, туку таа е важна и за опкружувањето на болниот. Секогаш доколку во близина имате човек кој се изборил неодамна со оваа болест или сеуште се бори, или пак било кое лице за кое се знае дека има проблеми со имунитетот, инсистирајте на вакцинирање на сите луѓе кои се во контакт со тоа лице, со ова ќе спречите важен вектор на пренесување на грипот до имунокомпримитираната личност.
Што ако се појават симптоми?
Ако се појават симптоми на грип, уште во најрана фаза пациентот мора да се однесе во болница. Бидејќи се работи за болен со опаднат имунитет, не смее да се чека ниту ден. Грипот може да направи сериозни компликации, а можеби и компликациите воопшто не се од грип.
Кај кои типови на рак најмногу треба да се внимава?
Најмногу треба да внимаваат луѓето кои биле заболени или кои се лекуваат од леукемија или лимфоми, овие луѓе имаат директна засегнатост на имуниот систем и кај нив е потребна посебна проверка и посебна консултација пред да се даде вакцина против грип.
Дали доколку имутитетот е засегнат пациентот со примање на вакцината би можел да заболи од грип?
Доколку вакцината се даде со одобрување на лекар специјалист, не е можно заразување од грип со вакцинирање без разлика на имунокомпримитираноста, секогаш е подобро да се прими одколку да не се прими вакцина.
Компликации од грипот
Заболените од карцином имаат огромен ризик да добијат компликации од грипот, компликациите не се исклучени ниту кај луѓето со нормален имунитет. Грипот може да го доведе во прашање животот на пациентите кои се болни или скоро преживеале карцином.
Карциномот е доста тешка болест која бара многу терапија, третмани, зафати и многу дијагностички процедури како и постхируршки третмани за да се отстранат малигните клетки од телото, поради што доаѓа до опаѓање на имунитетот на болниот. Тој е ранлив не само на грип туку и на многу други вируси и опортунистички бактерии кои нормално не прават проблем кај човекот. Затоа, за овие лица треба да постои голема грижа и внимание бидејќи и најмалите инфекции можат да вродат со компликации.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-