Орхитис-воспаление на тестисите, што претставува, кои се симптомите и како да си помогнете?

0

Oрхитис претставува, воспаление на тестикуларното ткиво проследено со болка во самиот тестис, но понекогаш болката може да прогредира кон ингвиналната регија, перинеумот или лумбалниот предел на ‘рбетот, манифестирајќи се и на скротумот со црвенило, топлина и измазнување на самата кожа.  Дознајте повеќе, што го предизвикува и како самите дома да се справите со симптомите на орхитис …

 

Што може да предизвика орхитис?

Орхитисот е машка болест, која ги зафаќа тестисите, едниот или двата. Предизвикувачи често се разни типови на заразни заболувања вируси и бактерии. Орхитисот е често присутен кај децата кои имаат паротит (заушки), но тој може да се јави и како комликација на многу заболувања како што се, бруцела, ревматска треска, тифуз, пневмонија и други. Орхитисот исто така може да се појави и како резултат на повреда на тестисите од разни типови на трауми предизвикани од тапи удари по тестисите или пак од отворени рани, при што доаѓа до накалемување на некаква инфекција. Орхитисот најчесто е детска болест, но може да се јави и кај возрасни особено како резултат на компликации од уринарни инфекции, воспаленија на мочен меур, уретри, простата, бубрези и слично. Честа манифестација на орхитис кај возрасните, но и кај децата може да биде здобивање со патогени микро-организми поради употреба на катетар или други интервенции кои што се прават преку навлегување во уретрата.

 

Кои се симптомите на орхитис?

Постојат, акутни, субакутни и хронични манифестации на орхитисот.  Главниот симптом на орхитис е тестикуларната болка, односно болка во самиот тестис, која понекогаш може да биде и единствениот симптом, и да се манифестира само кога тестисот ќе го стиснете со прстите. Боката почесто перзистира и се чувствува не само во тестисот туку како болка која што доаѓа од ингвиналниот канал (препонскиот канал соодветно над зафатениот тестис, поретко двата кога се зафатени двата тестиси), често се чувствува и во пределот на перинеумот (меѓичката – делот помеѓу сротумот и аналниот отвор) или во лумбалниот (кичмениот) дел на рбетниот столб. Болката е обично проследена со еден општ инфективен синдром, како што е лесно зголемена телесна температура (субфебрилност), малаксаност, губење на апетит, летаргичност, понекогаш гадење или дијареја (пролив).

 

Од физикален преглед, при орхитис, тестисот кој е зафатен најчесто е зголемен, димензиите можат да варираат. Зголемениот тестис е многу болен и детето бурно реагира при обидот да се допре. Сротумот над зафатениот тестис, или целиот ако се зафатени двата тестиса е вцрвенет обично е многу топол и со измазнета кожа. Овој наод обично е доволен да се постави дијагноза на орхитис.

 

Како се лекува?

Најважно е да се лекува причинителот на заболувањето, да се даде соодветна терапија согласно етиологијата, ако е бактерија адекватно давање на антибиотици, Во најголем број случаеви орхитисот е самоограничувачка болест и иако во одреден степен на пример кај заушките дава одредена атрофија на тестисите многу ретко дава стерилитет. Важно е да се нагласи дека кога се работи за заушки многу е поголем психолошкиот страв од стерилитет одколку тоа што реално се случува, но, сепак е потребно редовно следење и лекување. Орхитисот, особено ако е акутен проследен со многу зголемен тестис или нагласено зголемување на двата тестиси, со вжарување на сротумот, силна болка и други акутни симптоми, потребно е да се хоспитализира, пациентот, да биде ставен во мирување во кревет со ставање на ладни облоги, давање на инфузиолни раствори, етиолошка терапија доколку е потребна и редовно следење.

 

Компликации

Иако се ретки како што рековме сепак при орхитисот можат да се јави некоја од следниве компликации:

– Атрофија на тестис,  е комликација која се забележува често, како делумна атрофија на тестис и не секогаш е проследена со пореметување на половата функција на тестиост или тестисите, одредена атрофија на тестис може да не ја засегне функцијата а да има само психолошки ефект врз мажот или детето. Сепак целосната атрофија на тестисот може да доведе до загуба на неговата полова функција иако е ова една од поретките компликации.

– Абцес, некои микроорганизми при зафаќање и неадекватно лекување на орхитисот, односно најчесто при не почитување на советите за мирување, лекување со антибиотици и одморање на пациентот, како и при зафаќање на тестисите со некоја високо патогена бактерија може да доведе создавање на абцес. Абцесот е сериозна компликација која најчесто завршува со ампутација на тестист како превенција инфекцијата да не се рашири понатаму. За среќа оваа компликација исто така не е честа.

– Хроничен орхитис,  понекогаш кога орхитисот не е предизвикал многу акутна клиничка слика, или не бил целосно излекуван може да помине во хроничен орхит. Хроничниот орхит е воспаление на тестисите кое трае долго со недели или со месеци, а не прави бурна симптоматологија. Обично не го дава оној општ инфективен синдром кој го споменавме погоре, а единствениот симптом кој може да укажува на хроничен орхит е болката во тестисот, која обично е на едниот многу ретко на двата, но и болката не се јавува постојано, најчесто е тапа, која се чувствува кога тестисот ќе се стисне меѓу прстите.

Дијагноза

При поставување на дијагнозата се прави мерење на тестисот, ултразвук на тестисот и понекогаш е потребна и биопсија на тестисот. Преглед на тестисите се препорачува како рутински при некои заболувања кои што често се проследени со орхит како на пример паротитот. Секое машко дете кое е зафатено со вирусот на заушки е потребно да му бидат прегледани тестисите, бидејќи паротитот е едно од вирусните заболувања кои што најчесто прават орхит или епидидимо-орхит (кога заедно со воспаление на тестисите оди и воспаление на епидидимисот). За среќа со вакцинацијата појавата на заушки е многу ретка. Важно е да се напомене дека има и многу други заболувања и состојби кои можат да предизвикаат орхит и на иститот иако ретко остава сериозни последици мора да се внимава и адекватно лекува.

Самопомош при орхитис во домашни услови

Ако клиничката слика не е тешка лекарот ќе препорача мирување и лекување на орхитисот во домашни услови со редовна контрола. Еве како  во домашни услови најбрзо да се излекува орхитисот.

Мирувањето е најважно

За брзо да се поправи здравствената состојба на пациентот со орхитис, мора да одмара и визичките активности дури и оние наједноставните да се сведат на минимум. Вака е најмал ризикот за останување на компликации од орхитисот.

Ладни пакети

Мраз поставен во стерилна газа е добар симптоматски лек. Држете ја оваа ладна облога на тестисите. Но, внимавајте, не претрувајте правете го ова неколку пати на ден по неколку минути, но никако не го ставајте мрзаот директно врз кожата на скротумот.

 

Чиста и комотна долна облека

Долната облека мора да биде многу чиста или во кревет тестисите да бидат покриени со стерилна газа која ќе спречи дополнитено изложување на надворешните патогени микроорганизми на веќе иритираниот скротум. Тесните боксерки заменете ги со широка долна облека, бидејќи стискањето на веќе воспалените тестиси само ќе ја зголеми болката и ризикот од компликации и формирање на абцес. Детето најдобро да биде ставено во кревет на пријатна собна темература, а тестисите покриени само со стерилна газа и повремено аплицирање на ладни пакети, се додека симптомите целосно не се повлечат.

 

Пиење на многу вода

Пиењето на многу вода ќе помогне да се скрати времето на болеста. Пијте вода и чаеви во што поголеми количини, на овој начин ќе ја намалите и симптоматологијата предизвикана од општиот инфективен синдром кој погоре го споменав.

Чај од глуварче

Чајот од глуварче се покажал како многу корисен при орхитис предизвикан од инфекција. Потребно е да се пие секој ден 3 до 4 пати по една чаша.

Следење редовно

Откако ќе помине целата симптоматологија, потребно е повторно да се направи ултразвук како и мерење на тестисите, контролните прегледи треба да се повторат неколку пати. Консултирајте се со вашиот доктор околу тоа колку пати треба да се јавите на контролен преглед по санирање на орхитисот.

Превенција

Безбеден секуален однос

Иако многу пати сте го слушале и сега ќе го споменеме во контекст на орхитисот, безбедниот сексуален однос овозможува пречки за поминување на бактериите од еден партнер на друг и заштита како од орхит така и од многу други уринарни и системски заболувања. Затоа користењето на кондом е главна превенција кај возрасните.

Преглед на вашето дете

Добрите родители секогаш внимаваат на здравјето на своето дете. Како и што многу пати сме споменале особено во пред пубертетскиот период потребно е детето понекогаш рутински да го погледнете, од главата зениците, бојата на јазикот, усните, тонзилите, лимфните јазли, како и кожата по целото тело и гениталната регија. Секоја промена на бојата на кожата на скротумот треба да се прегледа од лекар, секоја болна реакција на детето при допир треба да се прегледа од лекар.  Самопрегледот,  е исто така важен, болки во тестисите при притисок со прстите секогаш бара лекарски преглед.

 

За крај, ќе сумираме дека иако набројавме бројни компликации, орхитисот е самоограничувачко заболување, кое мора да биде редовно следено од лекар и лекувано со мирување и ако е можно со етиолошка терапија. Консултирањето со педијатар е важно кај децата со орхит, додека уролог се консултира кога орхитот се јави кај возрасни.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.