Пет причини зошто треба да им кажеме “благодарам” на медицинските сестри

0

Ниту еден доктор, колку и да е квалификуван и образован не може да си ја замисли работата без помошта на медицинската сестра. Таа има еднакво важна улога во мислијата “спасување човечки животи” исто како и докторот, и нејзините услуги се едноставно незаменливи.

 

Благодарам, затоа што “бдеете” над хоспитализираните болни 24 часа на ден

Во текот на ноќните смени и лекарите и медицинските сестри се грижат за здравјето на хоспитализираните болни. Но, лекарите интервенираат само тогаш кога е неопходно, во останатите случаи одмораат во своите кабинети чекајќи да бидат повикани од сестрата. Сестрата пак, во текот на целата ноќ има за задача да ги обиколува болните, да дава анелгетици, таблетки за смирување или било што друго кое е потребно за пациентот да се чувствува што е можно по конфортно во својата соба. Таа многу ретко има можност да ги одмори нозете без разлика на тоа што работи трета смена. Ова е особено потенцирано кај сестрите кои работат во терциелното здравство и имаат премногу пациенти.

 

Благодарам, затоа што сте имуни на промените на расоложението на пациентите

Болниот човек многу често поради својата болест има промени во расположението, некогаш пациентите се депресивни, некогаш бесни, некои имаат изливи на агресија … Лекарите исто така се подложни на овие промени, но сестрите кои се во постојан контакт со пациентот често директно се засегнати од неговата состојба. Многу често сестрата е навредувана па дури и понижувана од пациент кој е во тешка здравствена состојба. Тие скоро никогаш не се жалат за тоа, ставајќи ја својата гордост после хуманоста, обидувајќи се да ја разберат причината за агресија на пациентот, и за ова заслужуваат големо благодарам.

 

Благодарам, за вашата улога како секретарка и добар административен работник

Несомнено болниците се полни со администрација. Многу податоци, детали, истории и што ли уште не, кои мораат да ги работат и лекарите и сестрите. Многу често на сестрите им е дадена онаа “најдосадната” работа, пополнување на генералии или слични пресметки кои мораат да ги сработат. Тие никогаш не протестираат за ова иако тоа не е нивната главна работа.

 

Благодарам, затоа што без приговор ги работите и “најспецифичните” работи поврзани со пациентот

Докторите се хумани во својата работа и сносат голема одговорност и мака додека да станат тоа што се и ова е факт, но сестрите пак ја работат и најспецифичната работа околу пациентот. Физиолошките потреби на пациентот мора да бидат завршени, бањање, одржување на нега на кожа, чистење и многу други работи поврзани со приватноста на еден тешко болен пациент мора да ги завршува сестрата, што ќе признаете е навистина тешка и доста “специфична” работа која не би можел секој да ја работи.

 

Благодарам, затоа што сте отпорни на притисокот од лекарите

Секој лекар е човек, кој има различен менталитет. Факт е дека сестрата е пониско во хиерархијата, па ова е причина за дополнителен терет на сестрата. Таа е должна да ги извршува обврските зададени од лекарот, лекарот често поради обврските знае да биде нерасположен и раздразлив што директно се одразува на сестрата. Таа скоро никогаш не протестира за тоа и секогаш го надминува тој проблем, иако често не фер се постапило кон неа. За ова како и за сите останати работи заслужува огромна благодарност.

 

И лекарите и сестрите се незаменлив дел од здравството. За тоа да функционира одлично потребна е солидна хармоничност во односите лекар-сестра, сестра-пациент и лекар-пациент, што често знае да биде тешко поради оптеретеноста и преголемите обврски во денот. Затоа заслужено треба да им кажеме благодарам на сестрите кои често се подложни на неправдини свесно или несвесно нанесени од двете страни. Потребно е да ги почитуваме исто колку и докторите бидејќи и тие се незаменлив дел во мисијата “да се спасат човечки животи”.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.