Сифилис или уште наречена Француска болест, е многу опасна полово пренослива болест предизвикана од бактеријата treponema pallidum. Сифилисот е болест која може да ги зафати скоро сите органи, да заврши со смрт или да остави непоправлива штета на срцето, зглобовите, очите, мозокот и многу други органи. Мајка која е инфицирана со бактеријата на сифилис, во 50 % од случаевите раѓа деца со тешки оштетувања кои умираат на самото раѓање или кратко потоа.
Како се пренесува?
Бакетеријата treponema pallidum се пренесува во 90 % од случаевите преку незаштитен полов акт, анален, вагинален или орален секс. Во 10 % од случаевите се пренесува преку бакнежи или загризок, или други допири на болниот каде што има отворени рани на телото.
Стадиуми на развој на сифилис
Инкубацијата на treponema pallidum во човековото тело трае околу три недели. Болеста ја делиме на ран сифилис, касен сифилис, и конгенитален (вроден) сифилис.
- Ран сифилис
Во раниот сифилис бактеријата поминува во кожата или слузокожата. Најпрво настануваат стврднувања, а потоа се јавуваат овални оштетувања на кожата или слузокожата, најчесто безболни со тврди рабови. Веднаш потоа доаѓа до значителен оток на лимфните жлезди, а два месеци потоа почнува да се јавува чешање и осипување на екстремитетите, како и опаѓање на косата.
- Касен сифилис
Во касната фаза на развој на сифилис не доаѓа до видно пореметување на кожата и слузокожата, туку доаѓа до пореметување и настанување на штети на системот за крвоток и нервниот систем, кои понатаму полека доведуваат до пропаѓање на организамот.
- Конгенитален сифилис
Под конгенитален сифилис се подразбира, сифилис наследен од мајката. Детето може да се роди со типични симптоми на сифилис, но често кај мајките заболени од сифилис доаѓа до спонтан абортус или се раѓа мртво дете.
Како да превенираме сифилис?
Превенцијата од сифилис се состои од редовна заштита при сексуален однос, како најдобра заштита сеуште се смета кондомот. Сепак кај луѓето кои имаат често сексуални односи со различни партнери се препорачува како превенција честа проверка на крвтa.
Како се спроведува терапија кај лица заболени од сифилис?
Доколку бактеријата се открие навремено, лекувањето е релативно успешно. Сифилисот се лекува со антибиотици односно со пеницилин, или кај лицата алергични од пеницилин се дава доксицилин или тетрациклин. Антибиотиците се аплицираат интрамускулно.
Според законите, секој нов случај на сифилис мора да биде пријавен, поради спречување на масовни појави на зараза од оваа бактерија, исто така и бремените жени се тестираат за евентуално присуство на оваа бактерија.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-