Исхраната во бременостa – фактор за детското орално здравје

0

Храната е извор на материи кои се од важно значење при градењето и неопходната енергија за клетките, ткивата, органите и системите на човечкиот организам. Рационалната исхрана влијае и врз правилната изградба на забите, пародонтот и нивната добра состојба. Од една страна рационалното хранење го определува оптималниот развиток на детскиот организам, кое е најважниот услов во изградбата на максимално здрави забни структури, а пак , од друга страна храната влегува во контакт со забите и укажува директно влијание врз забите.

Витамини и минерали

Развивањето на идното детенце зависи од нормалниот терк на бременоста, раѓањето и грижите за бебето и малото дете. Дневни потреби од некои хемиски елементи кај бремените жени, во милиграми:

Хем.елемент I тромесечје II тромесечје  III тромесечје
Калциум 1100 1300 1500
Фосфор 1100 1300 1500
Железо 26 26 26
Бакар 3 3 3
Цинк 18 18 18
Магнезиум 300 300 300
Флуор 1.5 1.5 1.5

Зголемени се и дневните потреби од витамини кај бремените жени:
  1. Vit A        7000UI
  2. Vit C       120 mg
  3. Vit B2      2,2 mg
  4. Vit D        400 UI
  5. Vit B6     3,0 mg
  6. Vit E        20 mg
  7. Vit PP  18,8 mg
  8. VitB1     1,1 mg

Соодносот протеини : јаглехидрати : масти треба да е 4:1:1

Важен момент во нутритивната превенција е конзистенцијата на храната. Кога се јадат сурови плодови и зеленчук, џвакачките мускули функционираат одлично, венците се масираат, забите абразираат правилно, всушност има самочистење.

Секој прием на нискомолекуларни јаглехидрати треба да биде пропратен со хигиенски процедури: џвакање мастика, плакнење на устата или најдобро миење на забите. Многу често идните мајки се изненадени од фактот дека за време на бременоста (ососбено втората половина) се образуваат и забните зачетоци на некои трајни заби ( први молари и инцизиви). Другите зачетоци се образуваат првата година од раѓањето, а процесите на доизградба на забните структури продолжува после тоа.

Накратко за флуорот

Доколку има недостаток на флуор во организмот, тој се заменува со други елементи, а структурите се помалку отпорни кон ризик факторите за настанок на кариес. Важен е внесот на флуор преку примање на флуорни таблети, флуорни капки, пиење на минерална вода (богата на флуор), флуорозирано млеко, сол и др. Профилаксата со флуор, бремената жена треба да ја започне кога ќе влезе во четвртиот месец и продолжува две години по никнувањето и на последното забче. Сето ова покажува дека рационалната исхрана како на бремената жена , така и на доилката, бебето и детето има огромно влијание како врз општиот развиток, така и за развитокот и состојбата на забните структури.

 

Мисконцепции околу примената на некои методи од народната медицина

Би сакала овде да обрнам ВНИМАНИЕ и на некои штетни методи на народната медицина за заспивање на бебенцата…

  • Не ги заспивајте бебенцата со засладени продукти откако веќе во неговата устичка има забче!!!
  • Цуцлата со мед, слатка вода, густи сокчиња, млеко со бисквити (попара) се погубни за детските заби, ако веднаш по употребата не се даде чиста вода. Сеуште неизградените забни структури се рушат од киселото рН во устичката па сето тоа води до развиток на кариес на раното детство. Процесот на кариес започнува како медови точки по забната површина.
  • Малечки и убави дечиња доаѓаат и кога ќе се насмевнат, предните забчиња , во поголем процент, веќе ги нема . Тоа се дечиња на возраст од 1,5 – 2,5 години. За да не се случи тоа и со Вашето дете мислете пред да му ставите нешто во уста и реагирајте при првите симптоми!
  • Скоро ист ефект имаат и газираните пијалоци, по чиј прием исто така има кисело рН во устата. Тоа е од засладувачите во пијалакот , но и од јаглеродниот диоксид, кој се претвора во јаглеродна киселина. -Тоа се всушност едни од најагресивните пијалоци за глеѓта дури и за возрасните.
  • Многу родители даваат лимонов сок , за детето да биде здраво. Се ќе биде во ред ако по пиењето на таков сок се даде и чиста вода или пак се измијат забчињата…

Нека моментот носи вечност.

Нека вечноста носи живот.

А животот нека носи среќа.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и /или реемитување-

Д-р Фросина Дајо родена e на 23 септември 1985 година во Охрид. Основно образование завршува во ОУ “Григор Прличев“ Охрид, во 2000 година. Во 2004 година е матурант во УСО “Св; Климент Охридски“ Охрид,природно-математичка насока. Потоа, се запишува на Медицински Универзитет Пловдив , Факултет за Дентална Медицина – Пловдив , Р.Бугарија. Дипломира во јуни 2010 со просек 9,62. Во текот на студирањето побудува особен интерес кон мобилната и фиксната стоматологија и денталната патологија. Уште како студент има учествувано на повеќе интернационални семинари и конгреси на кои соодветно се стекнува со сертификати... Лиценциран дентален лекар е во три држави : Р.Бугарија , Р.Македонија и Р.Словенија. Д-р Дајо , моментално, професионалната кариера ја продолжува во Р. Словенија, ЈЗУ “Трбовље“ - Љубљана . Во слободното време работи како дентален лекар во приватна здравствена установа во Љубљанска регија. Ужива во интересна книга, живописни глетки, во друштво на пријатни, искрени, оптимистички настроени и креативни луѓе. Одлично говори англиски , албански, бугарски, српско-хрватски и словенски јазик. -Чест и задоволство ми е што сум прв соработник во вашиот тим од областа на стоматологијата. Горда сум што тимот на овој сајт успева да биде чувар на човечкото здравје. Ги разјаснува заблудите кај пациентите, а воедно презентирајќи им ги новите откритија во сите медицински гранки. САМО НАПРЕД!!!