Подобар секс со сурова храна

0

Суровата храна и зголемување на либидото

Губењето на интерес за секс влијае на 20% од возрасната популација во било кое дадено време. Вообичаени причини се стрес, хормонална нерамнотежа и психолошки фактори. Суровата храна може да биде одговор на ниско-либидните проблеми.

Со елиминацијата на токсините од храната, како оние во млечните производи и месото, кои содржат хормони и може да ги исфрлат надвор природните хемиски супстанци, на телото му е дадена можност да се врати во рамнотежа. Покрај тоа, некои суровини и храна се познати по нивното дејство како природни афродизијаци. Смоквите и маслинките се особено ценети низ историјата за нивните стимулантни својства.

Денес, исто така, се зголемува и популарноста на суровото какао. Суровото какао е чоколадо во природна форма и е многу повеќе корисно за здравјето од типичната форма на термички обработено чоколадо што генерално се јаде. Оваа супер-храна содржи високи нивоа на аргинин, аминокиселина со афродизијачки квалитети. Освен во какаото, оваа аминокиселина ја има и во грашокот, а е хемиски најдена и во мозокот кога сме заљубени. Друга моќна либидо храна е пашканатот. И адаптоген, пашканат коренот ги балансира хормоналните нивоа на мажите и жените, помагајќи за регулирање на либидото, неплодноста, и многу симптоми на хормонална нерамнотежа. И не заборавајте на „кралот на овошјето“ – на дурианот!

Ова колосално овошје е познато по својот потентен мирис. Или го сакаме или го мразиме овој вкус, но ако мене ме прашувате, тоа е вкус како ванила помешана со месо. Претставува супер-високо протеинска храна, богата со триптофан. Нивото на серотонин е исто така на високо ниво и се користи во текот на историјата за подобрување на либидото.

Суровата храна е природен лубрикант

Голем проблем за многу жени за време на сексот е сувост на вагината, симптом кој може да се ублажи со обезбедување на телото со соодветна хидратација и здрави масти. Типични јадења како зрна, житарици, млечни производи, месо и сол, предизвикуваат клетките на телото да дехидрираат, со што се зголемува потребата за внес на вода и се препорачува дневна доза од 8 чаши. Водата сама по себе не може да ја обезбеди комплетната хидратација како што треба и затоа конзумирање на храна која е богата со природна вода и електролити е клучна за одржување на здрава хидратација. Маслата се, исто така, природен извор на подмачкување. Здрави масти се добиваат од авокадо, маслинки, кокос и семиња. Отстранување на нездравите масти и додавање на овие здрави (и вкусни) масти во исхраната ќе ви помогне во подмачкување на телото внатре и надвор.

 

Суровата храна ве прави прекрасни и самоуверени

Самодовербата и убавината се едноставно секси, а суровата храна ќе ви даде многу и од двете! Еден од широко испробаните ефекти на преминување на сурова храна и исхрана е намалување на вишокот телесна тежина. Кога сте на диета со сурова храна, телото ќе се стабилизира на здравата тежина, и „резервната“ гума која ја имаат многу луѓе е лесно да се отстрани. Меѓу другите придобивки од јадењето сурова храна се сјајна коса, здрави нокти, јасно блескав тен, изразени мускули, мека кожа и зголемена енергија. Сите овие фактори доведуваат до светла внатрешна и надворешна убавина и секси изглед. Зголемената самодоверба и здравјето, како и искуството со сурова храна и исхрана доведува до поголема леснотија за привлекување и задржување на партнерот и повеќе уживање во интимноста.

Суровата храна е забавна во кревет

Мирисот, вкусот, текстурата и визуелна привлечност на прекрасното свежо овошје, како што се дурианот, јагодите, црешите, суровиот мед и грозје, несомнено носат една цела нова димензија на романтичните средби. Бидете креативни!

Како заклучок, суровата храна навистина може да биде одговор за пренасочување на вашиот сексуален живот со балансирање и подмладување на вашето тело внатре и надвор. Сепак, бидете сигурни дека не ги заборавате и другите аспекти на здрав сексуален живот. Што е најважно, почит и љубов кон луѓето е клучот за позитивна сексуална средба. Со други зборови, дебалансиран секс може да ви донесе минливи задоволства, но на долг рок тоа може да биде штетно за вас, за другото лице, како и здравјето на планетата. Не барајте оправдување во чекање на вистинскиот партнер – имајте и уживајте во чиста љубов.

дознајте повеќе за авторот

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Дипломиран Нутриционист Родена на 12 јуни 1981 година во Скопје. Спортист во душа, нутриционист на лист хартија и секогаш подготвена за нови предизвици. Искусен поборник за здравиот начин на живот и здравата исхрана како дел од него. Еден од советниците во Клубот за здрав начин на исхрана "New Nutritionism". Препознатлива по насмевката, упорноста и желбата за успех. -Доктори.мк мислам е портал кој ги задоволува повеќето потреби од областа на здравјето, медицината, исхраната... Секоја дилема има одговор токму на Доктори Мк. Темите се во тек со модерните трендови и токму тоа ги тера посетителите да се враќаат на овој портал и неколку пати во денот. Со еден збор Доктори.мк е модерен, забавен и пред се корисен портал достапен за сите.