Секоја дијагностика се заснова на природата и структурата на предметот и објектот нс одредената клиничка наука.
Дијагностиката може да биде ( медицинска, дефектолошка, логопедска, психолошка, педагошка, социјална итн. )
Задачи на логопедката дијагностика се:
1. Нарушувањата во комуникацијата да ги..
– Открие
– Идентификува
– Детално да ги опише и обработи
– Етиолошки да ги обработи и причинско – последично да ги дефинира
– Да ги поврзе со биолошката, менталната и социјалната состојба на пациентот со патологија на вербалната комуникација
2. Врз основа на добиените податоци да..
– Ја утврди точната логопедска дијагноза
– Да иницира прогноза
3. Врз основа на дијагнозата и прогнозата да..
– Го утврди потребниот логопедски третман
– Да го иницира потребното ниво на логопедски пристап
– Да утврди и предложи иницијален план и програма за третман
– Да го одреди обликот на третман
Логопедската дијагностика е клучна компонента на клиничката логопедија, зашто од неа зависи нивото и успехот на логопедската превенција и логопедскиот третман, а со тоа хабилитацијата и рехабилитацијата на пациентите со патологија на вербалната комуникација.
Според Emerick и Hatten постојат три клучни аспекти во структурата на логопедската дијагностика..
1. Одредување на реалноста на проблемот
2. Одредување на етиологијата на проблемот
3. Обезбедување на клиничко насочување
Цел и задача на логопедската дијагностика е и да ја проценува и интелигибилноста на трансмитираната порака со потребниот степен на доверливост
Според (Mysak 1976) и (Keramitcievski 1990) постојат девет вида на дијагностика на патологијата на вербалната комуникација..
1. Клиничка дијагностика ( е најосновниот вид на логопедска дијагностика. Се спроведува амбулантно, поликлинички и хоспитализирано, ги применува сите методи на логопедската дијагностика опфаќајќи ги сите неопходни дијагностички постапки.
2. Диференцијална дијагностика – нејзина задача е да ги провери, потврди или исклучи резултатите од дијагностичката обработка на случајот
3. Директна дијагностика – наменета е за опсервација, испитување на состојбата
4. Дијагностика низ третман се заснова врз резултатите на дијагностичко планираниот и спроведениот третман
5. Дијагностика на исклучување – с езаснова на елиминација на сите оние оштетувања, потешкотии и нарушувања во комуникацијата на кои некои од симптомите им припаѓаат и сите останати
6. Тимска дијагностика ( интра и интерпрофесионален, рутински и конзилијарен, институционализиран и интеринституционален )
7. Инструментална дијагностика е основа на модерната логопедска и клиничка дијагностика
8. Провокативна дијагностика – оваа дијагностика се состои од предизвикување на симптомите на нарушувањето за кое се сомневаме
9. Тентативна дијагностика – тоа е пробна постапка на дијагностика кај случаите со успорен развој на способноста за вербална комуникација