“Гром во коприви не удира”
Понекогаш во потребата за решавање на нашите здравствени проблеми забораваме на тоа дека природата ни дала се што е потребно за здравјето и дека на дофат на дланка ни се природни и бесплатни лекови. Билката коприва спаѓа во групата најкорисни лековити билки. Кога луѓето би сфатиле колку е корисна и лековита сигурно би саделе само коприви. Сите нејзини делови – стеблото, листот, коренот и цветот имаат лековити својства.
Копривата е најдобра билка за чистење и подобрување на крвната слика. Позитивно делува и на панкреасот, а помага и при снижување на шеќерот во крвта. Лекува воспаленија на уринарните патишта, ја прочистува крвта и ја стимулира работата на цревата. Делува позитивно на кожата и го чисти лицето од акни. Ја дезинфицира усната шуплина и лекува инфекции во устата и гингивата. Затоа се препорачува како дел од пролетното чистење на организмот.
Чајот од коприви се користи при лекување на болести на црниот дроб и жолчката, при пореметување на сонот, кај карцином на слезината, при грчеви во стомакот, чиреви, болести на белите дробови. Благотворен е и кај вирусни и бактериски инфекции. Исто така чајот од коприви е и диуретик.
Доколку имате помало ниво на железо во крвта, и се чувствувате уморни и бескорисни, Ви треба коприва!
Содржи многу железо и се користи кај состојба на анемија, за да го зголеми бројот на еритроцитите во крвта. После одредено време конзумирање на коприви или нивниот чај ќе се чувствувате полни со енергија и здравје. Освен железо, содржи и калциум, калиум, фосфор, витамин Ц, провитамин А, хлорофил, флавоноиди, тритерпен и стерол.
Копривата се користи во народната медицина и во козметиката.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или ремитување-