Оралното здравје нуди докази за вашето севкупно здравје и затоа се вели дека проблемите во вашата уста можат да предизвикаат проблеми во другите делови од телото. Устата е преполна со бактерии, но повеќето од нив се безопасни. Природниот имунитет на телото и добрата орална хигиена како што е редовното миење на забите и користењето на конец за заби ги држат тие бактерии под контрола. Но, понекогаш штетните бактерии можат да излезат од контрола и да предизвикаат орални инфекции, како што е кариесот или болестите на непцата.
Заболувања кои настануваат поради неадекватна грижа за оралното здравје
Некои лекови или третманите кои што го намалуваат количеството на плунка, го нарушуваат нормалниот баланс на бактериите или ја преминуваат заштитната бариера на устата со што на бактериите им се овозможува многу лесен пристап до крвотокот. Притоа лесно може да настане некое од следниве заболувања:
- Ендокардитис – Болестите на непцата и денталните процедури кои што прават инцизии во непцата, можат да им овозможат на бактериите да навлезат во крвотокот. Ако имате ослабен имун систем или оштетени крвни садови, ова може да предизвика инфекции во другите делови на телото – како што е инфекцијата на внатрешните ѕидови на срцето (endocarditis).
- Кардиоваскуларни болести – Срцевите заболувања, запушените артерии и мозочниот удар можат да бидат поврзани со оралните бактерии, најверојатно поради хроничното воспаление предизвикано од периодонтитот – изразена форма на заболувања на непцата.
- Бременост и породување – Болестите на непцата се поврзани со предвремено породување и ниска родилна тежина на новороденчето.
- Дијабетес – Дијабетесот ја намалува отпорноста на телото против инфекциите, со што непцата се ставаат на ризик. Луѓето кои имаат несоодветна контрола на шеќерот во крвта можат да развијат почесто и посилно изразени инфекции на непцата и коските кои што ги држат забите. Како резултат на тоа, овие луѓе се соочувааат со поголема загуба на забите за разлика од оние кои што практикуваат добра контрола на шеќерот во крвта.
- ХИВ/СИДА – Оралните проблеми, како што се болните мукозни лезии се чести кај индивидуите кои што имаат ХИВ/СИДА.
- Остеопороза – Остеопорозата која што предизвикува слаби и кршливи коски може да се асоцира со загуби на периодонталната коска и заби.
- Алцхајмерова болест – Загубата на забите пред 35-тата година од животот може да биде ризик фактор за појава на Алцхајмеровата болест.
- Други состојби – Другите состојби кои што можат да се поврзат со оралното здравје го вклучуваат Сјогрен синдромот (нарушување на имуниот систем) и проблеми со исхраната.
Преку здрава усна празнина – до здрав организам
За да го заштитите вашето орално здравје, прифатете ги следниве совети кои ќе ви бидат од голема корист:
- Мијте ги забите барем два пати во денот (наутро и навечер – задолжително);
- Заменете ја четката за заби на секои 3-4 месеци;
- Секојдневно употребувајте забен конец за да ги отстраните остатоците од храна во интерденталните простори;
- Јадете здрава храна (овошје, зеленчук, месо, риба, јајца, млеко и млечни производи) и ограничете ги ужинките помеѓу оброците;
- Посетете го вашиот стоматолог на секои 6 месеци за да изврши превентивен стоматолошки преглед.
Исто така, внимавајте на знаците и симптомите на оралните болести и контактирајте го вашиот стоматолог веднаш кога ќе заблежите некој проблем.
Доколку се придржувате кон претходно наведените совети, бидете сигурни дека вложувате многу за Вашето орално здравје, а со тоа и Вашата насмевка ќе блесне! Не заборавајте дека чувањето на оралното здравје претставува инвестиција во вашето севкупно здравје.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-