Се што трeба да знаете за вирусот “Зика”

0

Бидејќи Светската Здравствена Организација (СЗО), предупредува на ширење на вирусот “Зика”, ви откривам се што треба да знаете за овој озлогласен вирус…

 

Што претставува вирусот “Зика”?

Зика е тропски вирус, откриен во 1947 година во Уганда. Прв пат вирусот бил изолиран кај мајмун од шумите Зика, по што и овој вирус го добил своето име. До неодамна зика се јавувал ретко во тропска Африка и југоисточна Азија, но од неодамна Светската Здравствена Организација (СЗО), предупреди дека истиот се шири со голема брзина низ целиот свет.

 

Како се пренесува?

Вирусот на зика го пренесуваат комарците од родот aedes aegypti, кој живее на целата територија на Америка. Овој комарец не пренесува само зика, пренесува и други заболувања кои комарецот го користат како вектор за пренос кaкo што се тропската и жолтата треска.  Според СЗО, најголем проблем зошто зика сега е актуелен е бидејќи комарците наоѓаат нови живеалишта на територии каде што луѓето немаат имунитет адапиран на овој тип на вирус, затоа и стравовите за негово брзо ширење се оправдани. Кога зборуваме за пренесување, освен комарецот некои експерти тврдат дека истиот може лесно да се пренесе од човек на човек како грип, но други го негираат тоа, затоа дали и механизмот на кој вирусот се пренесува од човек на човек во моментот не е целосно познат.

 

Кои се симптомите на вирусот “зика”?

Според истражувањата дури 80% од носителите на овој вирус не покажуваат никакви симптоми, а останатите покажуваат некарактеристична симптоматологија од која начесто се јавува осип, треска и болки во зглобовите, симптоми кои се карактеристични и за многу други заболувања. Најголем проблем вирусот на зика сепак прави на новороденчињата.

 

Како зика влијае на новороденчињата?

Според СЗО, иако не доволно е разјаснето како вирусот зика влијае на новороденчињата, познато е дека во земјите каде што истиот е присутен зголемен е бројот на новородени со  микроцефалија односно мала глава. Д-р Margaret Chan oд светската здравствена организација предупредува дека вирусот на зика предизвикува и невролошки симптоми кај пациентите кои се заразени, што е дополнителна причина за загриженост. Децата со микроцефалија имаат проблем со недоволно развивање на мозокот и низа последици со кои подоцна во животот овие деца ќе се соочат. Во месец ноември министерството за здравство во Бразил пријавило 3 893 новороденчиња со микроцефалија што е за 30 пати повеќе од вообичаеното. Зато се апелира до сите бремени жени да не патуваат во ризичните области каде што може да се заразат од вирусот зика.

 

Кои се ризични области?

Иако вирусот на зика, е раширен низ многу земји во светот, за високо ризични според американските експерти се 22 земји и тоа: Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор, Ел Салвадор, Француска Гијана, Гватемала, Гвајана, Хондурас, Мексико, Панама, Парагвај, Сурина, Венецуела, Барбадос. Гваделупа, Хаити, Мартиника, Мартинија, Порторико, Цапе Верде и Самоа. Сепак ризикот за појава на зика постои и во скоро сите останати држави во светот.

 

Има ли лек и вакцина?

За жал не постои ниту лек, ниту вакцина. Фрмацевтските куќи известуваат дека во тек се истражувања да се провери дали може да се создаде вакцина против вирусот зика, и на кој начин би можело ефикасно да се лекува.

Како да се заштитите?

Главно од вирусот зика  ќе се заштитите ако се заштитите од комарците кои го пренесуваат. Особено на бремените жени се апелира доколку се во земјите на висок ризик да користат препарати за заштита од комарци да ги заштитат просториите, и секако да носат подолга облека која што би го намалила ризикот од убод од овој ти на комарец.

 

Со комарец против комарец

Бразилските власти известуваат дека планираат да создадат генетски модифициран комарец кој ефикасно ги уништува дивите комарци носители на вирусот зика. Oxitec – компанија која што произведува генетски модифиирани комарци вели дека ќе произведат и пуштат 12 милиона единки од овој генетски модифициран комарец. Механизмот на уништување се состои со тоа што генетски модифицираните комарци се парат со дивите комарци кои го пренесуваат вирусот на зика, по што се раѓаат неплодни комарци  и се спречува ширењето на овој тип комарци, а со тоа и на врусот зика.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.