Предвремена ејакулација – што претставува и како сами да го решите проблемот

0

Предвремена ејакулација е проблем со кој се соочуваат мажите, а кој е тешко да се опише со една дефиниција. Под предвремена ејакулација воглавно се подразбира неможност за одложување на ејакулацијата до момент кога тоа би одговарало за двајцата партнери. Во овој текст освен што ќе се осврнеме да објасниме што претставува превремената ејакулација, ќе опишеме и некои техники со кои би можеле сами да го решите проблемот …

 

Обично под предвремена ејакулација луѓето подразбираат многу краток сексуален однос. Односно кога партерот ејакулира за неколку минути по почетокот на пенетрацијата, некогаш и за помалку од минута. Сепак ова иако спаѓа во делот на предвремена ејакулација не се смета за вистинска предвремена ејакулација и е скоро секогаш присутна кај тинејџерите и оние кои се на почетокот на своето сексуално искуство. Под вистинска предвремена ејакулација се подразбира, кога партнерот ејакулира, а не е ни свесен за тоа додка не се случи. Што значи при вистинска предвремена ејакулација партнерот нема никаква контрола врз ејакулацијата и воопшто не чувствува кога таа се случува за разлика од првата кога сексот трае кратко, но партнерот чуствува кога ќе се случи ејакулаијата. Вистинската предвремена ејакулација е голем ризик плус за несакана бременост бидејќи кај партнерите кои што како превенција се служат со методата на прекинување (coitus interruptus), шансите за несакана бременост се огромни.

Како и кај повеќе други состојби и предвремената ејакулација се дели на примарна и секундарна. Примарна е кога мажот никогаш не можел да ја чувствува или контролира ејакулацијата, додека секундарна е кога мажот пред извесно време имал сосема нормален сексуален однос, а проблемот со предвремена ејакулација се појавил подоцна во животот.

Кои се причините за предвремена ејакулација?

Причините за предвремена ејакулација се многу. Порано вината за оваа состојба се препишувала на различни бактерии и вируси, но во современата медицина тоа е скоро исфрлено. Предвремена ејакулација иако може да биде предизвикана како резултат на некои воспаленија и делувања на некои лекови, во најголем процент од случаевите има психогена етиологија што е и докажано во повеќе наврати.

 

Според некои научници секој маж има вродено програмирана предвремена ејакулација, а контролата се учи во текот на животот. Научниците кои се поборници на оваа теорија велат дека во дивината, животните немаат време за долг однос, туку истито мора да се изврши брзо за да се продолжи видот, а животното што помалку да стои незаштитено, за време на семиот акт. Затоа велат дека човекот од еволутивна гледна точка е склон кон предвремена ејакулација.

Главниот проблем кај мажите со предвремена ејакулација е самото психогено доживување на состојбата. Мажот е под притисок и страв дека нема да ја задоволи жената и дека таа ќе се подсмева на неговата не способност, па кај мажите што патат од оваа состојба дополнително ја усложнува ситуцаијата и до една третина од истите избегнуваат сексуален однос.  Сепак во поретки случаи предвремената ејакулација може да има и органска природа (паркинсонова болест, дијабет, васкуларни заболувања и сл.)

 

Кога се јавува предвремената ејакулација?

Предвремената ејакулаија може да се јави во секоја возраст но кај тинејџерите е најчеста. Предвремената ејакулација кај тинеџерите е до некаде физиолошка особено за време на првиот секуален однос кога мажот е нервозен под притисок и без искуство на контрола на својот организам. Кај тинејџерите откако ќе почне редовно практикување на сексот, овој проблем полека ќе исчезне, но мора да се нагласи дека кај одреден процент на млади проблемот останува да перзистира многу години подоцна. Важно е да се нагласи од физиолошка гледна точка дека секоја подолга апстиненција од сексуален однос, значи и побрза ејакулација  подоцна кога истиот ќе се случи. Предвремена ејакулација може да се случи во почетокот или подоцна во сексуалниот однос, но понекогаш и во предиграта, кога актот на пенетрација сеуште не се случил.

Како да се реши овој проблем?

Предвремената ејакулација не е нерешлив проблем, но мора да се откире навреме и не смее да се премолчува без да се превземе ништо. Во спротивно ќе стане хроничен проблем, мажот ќе почен да избегнува оdнос од страв дека неговиот проблем ќе предизвика подсмев кај партнерката. Постојат лекови кои што даваат подобрување како што е лекот “Peroksetin”, но според секуалните терапевти техниките на тренирање на “платото” кај мажот имаат подобар ефект на долгорочен план

 

Техники со кои можете да си помогнете сами

Важно е да бидете трпеливи и упорни. Еве неколку техники кои според секуалните терапевти даваат добар резултат, а можете да ги практикувате сами дома без никој да знае.

Masters и Johnson метода

За оваа метода треба време, но и дава одличен успех, велат научниците. За почеток почнете дома сами со мастурбирање. Секогаш кога ќе почувастувате дека го достигнувате врвот прекинете и направете пауза од неколку минути. Почнете повторно и обидете се да се доближите што повеќе до платото, но никако да не го поминете. Вака најмалку 5-6 пати. Ако подолг временски период го практикувате ова ќе почувствувате големо подобрување. По неколку недели “самотретман” пробајте го ова и со партнерката, така што ќе го прекинете односот веднаш пред да доживеете оргазам. Според научниците ова ќе ви одземе можеби месеци тренинг, но ќе даде одлични резултати.

 

Техника на стискање

Оваа техика е доста контроверзна бидејќи вклучува стискање на главата на пенисот, па би можело да дојде до негово повредување затоа внимавајте. Се препорачува кај они кај кои претходно опишаната техника не дала доволно добри резултати. Вие или партнерката веднаш штом ќе се доближите до оргазмот, прекинете ја стимулацијата и со двата прста стиснете ја главата на пенисот, и задржете така 15-20 секунди. Внимавајте силното стискање може да го повреди пенисот. Ова се препорачува по 2 до 3 пати по ред.

Техника на мирување

Многу ефикацна техника, во почетокот ќе ви изгледа невозможно, но многу кратко по практикувањето ќе научите да се контролирате самите себе и доколку сте упорни ќе постигнете одлични резултати. Можете да практикувате со партнерката или сами, доволно е да се доближите до платото најмногу што можете да престанете со стимулацијата и да стоите мирно пробувајќи да му “одолеете” на оргазмот и да не дојде до ејакулација. Секој следен пат доближувајте се што е можно по блиску и пробувајте да се исконтролирате со престанување на стимулацијата и мирување. За неколку недели веќе ќе имате одличен напредок.

 

Специјални кондоми

Кондомите со анестетик, даваат одлични резултати комбинирано со некоја од погорните техники заедно со кондомите со анестетик ќе постигнете одличен напредок. Но внимавајте овој тип на кондоми имаат супстанца “тип на слаб анестетик” која дава многу често алергиска реакција понекогаш многу бурна, ако забележите црвенило оток или било каква промена за време на користење на овој кондом. Извадете го и не го користете повеќе. Овој тип на кондоми може да се најде низ сите маркети и аптеки.

Специјална положба

Според истражувањата научниците дошле до заклучок дека кога мажот лежи на грв за време на сексот, предвремената ејакулација е најмалку изразена и контролата над ејакулацијата и достигнувањето на “плато” е најдобра.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.