Топ важни правила и навики кои мораат да станат дел од вашиот живот

0

 

Постојат неколку основни правила и методи кои морате да ги научите и да ги применувате во животот, за подобрување на вашето здравје и здравјето на вашите блиски. Скоро сите се едноставни и лесни, единствено што треба е само да навикнете да ги практикувате, а еве за што станува збор:

Научете да ги изведувате основните техники за укажување на прва помош

„Јас ова го завршив уште кога полагав за возачка дозвола” – ова е сигурно фразата која прва ќе ја изговорите откако ќе го прочитате поднасловот. Сепак мора да знаете дека тоа ни од далеку не е доволно. Да, точно, можеби не сте лекар и нема да можете баш професионално да се научите, но доколку се потрудите со доволно цврста желба, ве уверуваме дека сигурно ќе успеете да ги совладате основните техники за укажување на прва помош. Можеби повеќето од вас ќе кажат „Никогаш да не затреба” – да секако, сепак факт е дека често затребува и во моментот кога ќе му стане лошо на патникот до вас во автобусот или ќе ја изгуби свеста, целата енергија ќе ја потрошите обидувајќи се да се досетите на она нешто што некогаш сте го сметале за банално. Масажа на срце, вештачко дишење, постапување при изгореници, страно тело во душник, повреда на очи или сериозни рани и скршеници, секој треба да знае примарно да третира, се до моментот кога повредениот ќе биде предаден на стручни лица. Само да потсетиме дека укажувањето на прва помош е и законска обврска на секој возач, но и пред се личен плус, за самите вас како единка, бидејќи никогаш нема да знаете кога ќе ви затреба. Доколку пак сте вешти во оваа област, не заборавајте да ги подучите и вашите блиски, особено вашите деца.

Стекнете навика за редовна контрола на крвната слика на вас и вашите деца

Дали сте од оние кои секогаш се обраќаат на лекар само тогаш кога немаат друг излез? Бидејќи не можете да ги вршите секојдневните обврски, баба ви ги потрошила сите рецепти и лекови од нејзината аптека, а вие пак сте болни? Време е оваа навика да стане минато. Ќе кажеме, важно е редовното правење на систематски преглед, да, но сепак вие нема да одите во амбуланта да чекате за доброволен систематски преглед, па затоа ќе го упростиме и ќе кажеме: важно е редовното правење на крвна слика. Лекарите би рекле еднаш во 6-8 месеци, јас сепак ќе кажам дека е сосема доволно ако тоа го правите еднаш годишно. Со детално испитување на крвта и урината може навремено да се откријат многу патолошки состојби во организмот и да се спречат, без поголеми последици. Затоа не се прифаќа за оправдување дека барем еден ден годишно не можете да издвоите за оваа важна превентивна метода. Освен ова, доколку сте родител, и имате мали деца, навикнете ги уште од најмали години превентивно да се грижат за здравјето. Испитувањето на крвна слика еднаш годишно кај децата нека ви биде традиција, која тие ќе ја продолжат и откако ќе станат возрасни.

Проветрувајте ја спалната соба секогаш и истата користете ја само за спиење

Не дозволувајте да помине ден, а спалната соба да не виде проветрена барем 20-тина минути. Ова е важно за секоја спална соба без разлика кој спие во неа, но особено треба да внимавате на собата на вашите деца. Никогаш не дозволувајте прозорот да остане замрачен во текот на денот. Сончевата светлина и топлина се особено важни, најголем дел на вируси не можат да ја издржат сончевата светлина. Затоа секогаш проветрувајте ги собите каде што спиете. Никогаш не користете ги за други секојдневни активноти, за да ја зачувате хигиената и здравиот и чист воздух. Секако веќе знаете дека никакви зелени растенија не треба да бидат дел од декорацијата на вашата спална соба, без разлика колкави се и колку се цветни или миризливи.

Не грижете се, вашето дете ги прима доволно сите витамини

Доколку вашето дете е здраво, се храни редовно, на него не се забележува состојба на болест или опаднатост, не грижете се и заборавете ги вашите луди идеи како таа дека на детето му недостасуваат витамини. Не предозирајте го со разни синтетички суплементи во кои има 10 наводно многу важни витамини, ова е сосема непотребно, банално па дури и штетно. Вашиот организам и организмот на вашето дете доколку се здрави и здраво се исхрануваат, нема да имаат никаков проблем на природен начин да си ги обезбедат есенцијалните супстанци како што се витамините. Најбанално е давањето на витамини во енормни дози на деца од страна на родителите кои се убедени дека што повеќе тоа подобро. На пример, најбаналната работа, а истовремено многу честа навика е давањето на Витамин Ц од 500 мг. на дете од 10 години. Ова е отприлика 10-кратно зголемена доза на здраво дете. Оваа таблета витамин Ц е преголема доза дури и за вас, со вакви таблети се третира скорбут и други посериозни заболувања, а не се дава како превентива. Затоа мој совет е никогаш не земајте суплементи на своја рака без разлика што не одат на рецепт и за нив се пишува дека се безбедни. Користете ги само тогаш кога вашиот матичен или специјалист ќе смета дека е потребно.

Научете да се самопрегледувате

Не е потребно да сте специјалист за да сфатите дека некои работи не се нормални на вашето тело или телото на вашето дете. Секогаш после туширање застанете голи пред големо огледало. Погледнете го добро целото тело, кожата, нозете, рацете, стомакот, градите и половите органи. Секое отстапување од нормалното не мора да значи дека е алармантно, но може да биде, затоа доколку не сте сигурни за било што веднаш консултирајте се со матичниот лекар. Жените особено треба да знаат да вршат самопрегледи на дојката, обилноста и редовноста на менструалните циклуси, промените на кожата, бемките и слично. Додека, мажите особено треба да обрнат внимание во самопрегледот на тестисите, кожата, пигментацијата и сл. Запомнете дека вие сте најдобриот дијагностичар за самите себе си, први вие треба да го препознаете проблемот, за понатаму некој да може да го третира доколку е потребно.

Mens sana in corpore sano – секако за да биде така потребно е самите ние да имаме здрави навики, за да му овозможиме на нашето тело да го одржува здрав и духот во него.

Прво oбјавување: 24.04.2012

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.