Before and After…Како луѓето се справувале во минатото со забоболката, со реставрацијата на заби и кои се почетоците за одржување орална хигиена?
Историјата на човековото постоење претставува историја на сите успони во медицината, потрага по нови, усовршени и пред се практични методи за здрав и среќен живот. Забоболката уште во минатото држи високо место на неиздржливо чувство и кај “обичните луѓе” но и кај кралевите, кметовите, свештениците, никој не бил поштеден од таа болка, а индивидуалниот праг на толеранција ја маскира индивидуалната реакција.
Праисторија
Прачовечките фосилни податоци укажуваат дека забоболката и вадењето заби не била непозната тема ни во тоа време. Сепак нивниот начин на живот и прехрана со потврда природна храна како значаен предиспонирачки фактор ни укажува на сигнификантно помал индекс на кариес-екстрахирани заби, на сметка на денешниот современ “зашеќерен свет”. Во тоа време, испитувајќи ги природно расположливите средства, настојувајќи да ја потиснат болката, луѓето ја користеле водата од топлите минерални извори, загреаниот камен на оган и разни лековити билки и корења. Во време на паганстваото дури се осврнале и на протерување на- лошите духови кои го опседнале забот во внатрешноста. Доколку ниедна од овие тогаш “алтернативни решенија” не вродила со успех, тогаш крајната солуција била неизбежна- вадење на забот со удирање со камено длето.
Забоболката е причина што оперската дива Марија Калас го одложила својот настап во њујоршка Маетрололитен сала, Џек Лондон го прекинал пишувањето на романот Морски волк, а кралот Фрањо Јосип на долг период го одложил потпишувањето на значаен државен акт поради неподносливата болка.
Зошто гнијат забите – низ призмата на нашите предци
Четири и пол илјади години пред нашата ера е период од кога се пронајдени првите запишани податоци на територијата на тогашната Месопотамија, како луѓето веруваат во тоа дека црви се причина за гниење на нивните заби. Вакви податоци за забоболка се задржани во верување и во делата на Хомер.
Првата пломба
Археолозите со ископување на гробницата на египетскиот фараон Аменофис III го пронашле и зачетокот на реставративната стоматологија,односно ја пронашле првата пломба. Што претставувала пломбата во тоа време? Според тогашните пишани медицински рецепти тоа претставувало мешавина од некој вид пиперка, опиум, дрвена смола и восок. Оваа комбинација воопшто не делува биолошки протективно на забното ткиво, но самиот факт што забниот дефект е затворен, и воедно зачуван од навлегување на друга разноврсна храна, кариогениот процес во забното ткиво не е прекинат но е значително успорен.
Античка хигиена
Зачетокот на одржување на орална хигиена го даваат Асирците, 18 години пред нашата ера, кои плакнењето на усната празнина со вода го применуваат за отстранување на остатоците од храна. Неминовното вадење и губење на забите ги навеле Етурците да се насочат кон изнаоѓање начин за надоместување на изгубените заби. Тврдото дрво, коски од животни, седеф, заби од зајак, мачки, кучиња па дури и од нилски коњ биле материјали за изработка на “вештачките заби”. Високата елита во тоа време можеле да си дозволат и купување на –здрави живи заби и вметнување меѓу нивните постоечки. Сето ова било во функција на естетиката но не и функционалноста ( за актот на џвакање биле отстранувани).
Високото општество
Забна хирургија, 1728 година
Французинот Piere Fauchardе првиот автор на стоматолошка едукативна книга (Забна хирургија, 1728 година). Тој установил дека постоечките методи за поставување на туѓи заби во усна празнина дека немаат функционалност, па затоа прв се обидел и успеал во намерите да изработи вештачки заби од коска и метал, обложувајќи ги со емајл, добивајќи поголема отпорност и истрајност на забите, прицврстувајќи ги на колче кое претходно било метнато во празниот канал на забот. Основата на оваа метода е и дел од современата реставративна фиксна протетика низ цел свет ден денес.
Со усовршување на опијатите, анестезирање на високо ниво и вадење на забите безболно, тогашните применувачи на стоматолошката пракса сепак установиле дека не напредуваат во зачувување на оптималното орално здравје. Задржувањето на сопствениот заб во устата преку одржување орална хигиена е и денес најзначаен и појдовен момент во примарната стоматолошка грижа. Која е историјата за почетокот на примената на оралната хигиена?
Четките за заби
Најстарата четка за заби е позната уште пред илјада години и претставува така наречено стапче за џвакање, кое претставува изгризени краеви на стапче или некој вид корен, доволно колку би се формирала груба четка. Овој вид на чистење на површинската забна структура и денес го користат некои домородци во Африка и Австралија.
Стaрите Римјани ги користеле перата од птиците во функција на чечкалици за заби, а Старите Грци биле многу понапредни. Најдени се пишани податоци како големиот учител Аристотел го советувал Александар Македонски секое утро даа ги трие забите со тенка ленена ткаенина. Ваквиот начин на одржување орална хигиена е еден од 15те правила штоWilliam Vaughanво 1602 година ги напишал за постигнување блескаво бела насмевка.
Минатото како поттик
Ако нашите предци барале начин, се стремеле на усовршување на некое научно ниво за орална хигиена што тогаш постоело,односно се бореле да стигнат до некој компромисен изум, зошто тогаш ние не се посветиме на искористување на досега постигнатите откритија и уживаме во нивната корисност? Технологијата и методологијата за оптимално орлано здравје ја имаме, да ја пронајдеме желбата и посветеноста да живееме мудро, да живееме здраво!!!
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-