Што (не) знаеме за цинкот?

0

Сведоци сме на секојдневното потенцирање на потребата од здрава храна и здрав начин на живот.

Веќе не постои човек кој не е свесен за потребата од внесување  железо, калциум, магнезиум и најразлични витамини во организмот, но информираноста добива други размери кога ќе се спомне за потребата од цинк.

Што претставува цинкот, која е неговата функција, колкави се дневните потреби, што предизвикува недостатокот од цинк во организмот, на кој начин се внесува?

Цинкот е минерал за кој иако не се зборува многу има незаменлива улога во организмот.

Накратко, неспорна е неговата улога во подобрувањето на имуниот и репродуктивниот систем како и во одржувањето на нормалната функција и здравје на кожата и косата.

Цинкот е минерал кој е многу важен за метаболизмот на јаглехидратите и протеините, а од друга страна е неопходен за искористување на витаминот А од црниот дроб.

Цинкот учествува во синтезата на ДНК и РНК како и во голем број физички процеси во организмот:  клеточно дишење, раст и развој на коските, создавање резерви инсулин.

Во последно време се направени многу истражувања кои го поврзуваат недостатокот на цинк во организмот со голем број проблеми со кожата, особено со појавата на акни.

Ова се должи на улогата на цинкот во регулирањето на функцијата на лојните жлезди.

Нормалното количество на цинк во организмот го одржува здравјето на кожата, го забрзува процесот на заздравување на рани, ја зголемува регенерацијата на кожата и слузниците и ги намалува иритациите.

Колкава е препорачаната дневна доза на цинк и која храна е најбогата со овој есенцијален минерал?

Дневните потреби за цинк кај жените се движат од 10-12 мг, додека кај мажите се нешто поголеми, околу 15мг.

Кај бремени жени и доилки потребите од цинк се поголеми и достигаат и до 30 мг. Цинкот е најзастапен во морските плодови, рибата, сирењето, јајцата,месото, мешункастиот зеленчук, јаткастите плодови, сојата и пченичните никулци.

Несоодветното внесување на цинк во организмот е пропратено со низа благи, но и понагласени симптоми од кои најзастапени се:

-чести инфекции,
-губење на сјајот на кожата и косата,
-иритации на кожата,
-бавно заздравување на рани,
-губење на чувството за вкус,
-пречки во растот и развојот кај децата,
-намален имунитет,
-невролошки пореметувања,
-пасивност.

Родена: 02.04.1992 година во Крива Палнка Основно образование(1998 -2006), ОУ “Илинден” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2006-2010), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2016 година) Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Признание од доктори.мк за особен придонес во здравствената едукација во Република Македонијс Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of Haepatite A virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Makovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа Кристина за Доктори: Доктори.мк е сајт кој го следам од самиот негов почеток. Во него гледам голем проект кој се реализира и ги надминува сите очекувања. Горда сум што добив можност да бидам дел од овој тим кој е полн со амбиции. Верувам дека Доктори.мк понатаму ќе стане симбол за он-лајн медицина во Македонија и пошироко.