Трите најзначајни меѓународни организации – ФАО (организација за исхрана и земјоделство), УНЕП (програма за заштита на животнаата средина) и СЗО (светската здравствена организација) заедно обрнале внимание на зголемената осетливост на децата на пестициди, како и на нивна неопходна заштита од хемикалии.
Всушност, децата во периодот на растење и развивање внесуваат многу повеќе храна во течност отколку возрасните, па затоа кај нив опасноста за заболување од загадени намирници е изразито поголема, не спомнувајќи го притоа имунолошкиот систем кој е директно загрозен од некоја хемикалија.
На кој начин агрохемикалиите го загрозуваат нашето здравје?
Многу научни истражувања се насочени кон откривање на механизмот на делување на бионеразградливите аргохемикалии кој е неспорен:
- Го успоруваат метаболизмот (може да дојде до задебелување и појава на целулит);
- Ги уништуваат клетките на панкреасот (може да дојде до појава на дијабет тип 2);
- Ги уништуваат невротрансмисивните и мозочните клетки (може да предизвика слабеење на концентрацијата и помнењето);
- Ја намалуваат содржината на минералите и витамините (посебно на витамините А, Ц и Б, што доведува до нервоза, депресија, дури и агресија);
- Ја пореметуваат кисело-базната рамнотежа (киселата средина е погодна за развој на цисти, миоми, канцери и остеопороза);
- Ослободуваат слободни радикали (меѓу другото предизвикуваат предвремено стареење);
- Ја намалуваат плодноста (последиците можат да бидат стерилитет, импотенција и спонтан абортус кај жените);
- Го менуваат генетскиот материјал (може да предизвикаат дегенеративни заболувања);
- Предизвикуваат алергии и воспалителни процеси.
Со оглед на огромните количини на отрови кои сме ги внеле во нашиот организам, човек слободно може да се запраша зошто бројот на вродените телесни мани не е уште поголем и зошто епидемијата на рак не е уште поголема? Дел од одговорот е во „одложеното“ дејство на отровите, односно времето кое е потребно да помине пред проблемите да станат видливи.
Заситеноста на организмот од отпадни и отровни материи е основен пример за настанување и развој на сите здравствени тегоби. Симптоми на „затруеност“ на организмот со токсини се: хроничен замор, чести главоболки, несоница, отекување на нозете и лицето, надуеност и грчеви во стомакот, пореметување на менструалниот циклус, чести воспалителни процеси (колитис, артритис, бронхитис, астма) и разни алергии.
На организмот му е потребна здрава исхрана
Поинаква ориентација во полјоделството и начинот на исхрана би можеле да го зајакнат нашиот и детскиот имунолошки систем. Децата да раснат и да живеат здрав живот, да донесат здраво поколение на свет во кој загаденоста на природната средина ќе биде се помала и помала.
- Секогаш кога сте во можност, купувајте органска храна и во старт ќе ги намалите изложувањата на вашето тело на агрохемикалии.
- Сведете го на минимум внесот на животински масти, црвено месо и полномасни млечни производи, затоа што во нив се акумулираат бионеразградливите хемикалии.
- Покрај овошјето и зеленчукот во исхраната внесете јаткасти плодови и интегрални житарици од органско потекло затоа што ги врзуваат отровите, со што го чистат организмот.
- Бирајте сезонско овошје и зеленчук за да го избегнете внесувањето на хемикалии кои се употребуваат за успорување или забрзување на зреењето, зачувување на бојата и продолжување на рокот на траење на увезените производи.
- Избегнувајте внес на масна храна и месни производи кои содржат адитиви во вид на нитрати и нитрити.
- Зеленчукот од градината вадете го навечер, а не наутро, затоа што тогаш содржината на нитритите е најмала.
- Избегнувајте увозни намирници во исхраната како што се кафе, какао, шеќер и јужно овошје затоа што земјоделците во Еквадор, Мексико, Гватемала, Костарика и Индија користат уште поголеми концентрации од пестициди отколку што се дозволени кај нас.
- За успешно „измивање“ на токсините од организмот пијте најмалку 2 литра обична или негазирана минерална вода дневно.
- Доколку јадете хемиски третирани намирници, во водата во која ги миете додајте 2 лажички оцет со кој ќе го намалите ефектот на дејствување на пестицидите и тешките метали.
- Не употребувајте пестициди во вашата градина.
- За пакување на овошје и зеленчук, а посебно за масни и кисели производи немојте да користите мека пластика и алуфолија затоа што штетните хемикалии од амбалажата лесно преминуваат во храната.
- Два пати годишно направете детоксикација на организмот и ослободете се од токсините кој понекогаш може да достигнат и тежина од 10 кг.
Имајте на ум дека чистата, непроменета храна е она што му треба на вашиот организам. Затоа одлучете се за здрав начин на исхрана составен од интегрални, полновредни намирници од органско потекло. Тоа е најсигурната и најисплатлива инвестиција која може да ја вложиме во себе.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-