Белење на забите со активен јаглен – како функционира и како да го правите тоа

0

Во последно време постои тренд во социјалните мрежи и пошироко како луѓето прават белење на забите со јаглен во активна форма (activated charocoal). Го користат за лице, ја мијат косата со тоа, ги чистат забите идр. Ако некогаш сте се запрашале како ова навистина делува, што содржи целиот овој процес тогаш сте на вистинското место да го дознаете тоа.

Што е активен јаглен?

Активниот јаглен е многу сличен со јагленот што се користи за скара, но специфично се користи за медицински потреби. Се создава со затоплување на јагленот со користење на гас кој прави големи пори во минералниот состав при што хемикалиите заостануваат во нив. Активниот јаглен најчесто во медицина се користи во третирање на интестиналните гасови , холестеза при бременост и за намалување на нивоата на холестеролот во крвта. Нема вкус, мирис и може да се купи во дуќани за здрава исхрана и во аптеки во форма на капсули.

Активниот јаглен се прави од лушпите на кокосот, јагленот, пилевината и други материјали кои се процесираат при висока топлина со што се добива таа активна форма. Ова ја менува внатрешната хемиска структура со што станува многу попорозен од стандардниот јаглен. Така е обработен со што се отстранувани сите штетни супстанци кои можат да му наштетат на човековиот организам и има хемиски состав што ја прави од корист за многу различни медицински ситуации.

Кратко резиме за хемиската структура на активниот јаглен. Активниот јаглен има негативен електричен напој што значи ги привлекува молекулите кои се позитивно напоени. Токсините и гасовите имаат позитивна напоеност што доведува до нивно привлекување од активниот јаглен. Сигурно сте слушнале за слободните радикали и штетата која тие ја нанесуваат во човековиот организам; да, активниот јаглен ги привлекува и нив.

Заради порозната текстура се зголемува ефикасноста за прилепување на несаканите супстанци. Една средна лажица со активен јаглен има површина од 1000м2. Добриот дел е во тоа што активниот јаглен не се абсорбира од човечкиот организам, дозволувајќи да ги отстрани токсините надвор преку екскрециите.

Медицинската употреба на активниот јаглен. Едно од подобрите придобивки од овој материјал во модерната медицина е тоа што го превенира предозирањето. Затоа што активниот јаглен има својства да ги привлекува токсините често се употребува во третмани на акутни состојби на труење. Студии покажуваат дека активниот јаглен ја намалува апсорбцијата на лековите за 74%, но сепак све си има свои лимити и се употребува само во посебни случаи. Е способен да ги приврзи и ацидите на холестеролот со што го намалува лимитот на нивната апсорбција од страна на организмот.

Активниот јаглен има поширока употреба во медицината се до козметичките третмани. Доста е познат во козметичките процедури на кожата каде се употребува за детоксификација на порите и во третирање на акните.

Дали активниот јаглен е ОК за забите?

Белеењето на забите во последнава декада стана глобална индустрија. Почнувајќи од професионалното белеење во стоматолошките ординации до алтернативните традиционални методи во домашни услови.

Дали може активниот јаглен да ги белее забите? Нема формален доказ дека да, меѓутоа FDA (Food and Drug Administration) го одобрил активниот јаглен за многу медицински употреби. Американскато стоматолошко здружение (ADA) уште нема ништо одобрено во врска со употребата на активниот јаглен како продукт во стоматологијата поради тоа што нов тренд.

Но според досегашните обсервации со употребата на активниот јаглен за забите јасно приметлив е позитивниот ефект во отстранување на денталниот плак и другите пигменти. Хемиските својства на активниот јаглен служат како природен агент за белење на забите и тоа не со неутрализирање на токсините туку со нивно привлекување и прилепување со што и ги отстранува и доаѓа до израз почистиот изглед на забите.

Порите на активниот јаглен се приврзуваат со нерамните површини во забите, најчесто со површинските дамки и со денталниот плак со што и полесно е нивното отстранување. Откако се остава некое време да стои на површината на забите, со нејзино отстранување се отстрануваат и денталниот плак, површинските пигменти, заостанати делови од јадење. Секако нема можност магично да ја промени бојата на забите, но евидентно прави разлика посебно кај групата на луѓето кои се редовни консуматори на кафе, пигментирани пијалоци и пушачите и тоа уште од првото чистење со активен јаглен.

Како да го правите тоа?

Во почеток внимателно отворете го пакувањето поради тоа што прашокот е многу ситен и може да прави неред наоколу. Употребувајте посебна четка за заби при користење на активен јаглен поради тоа што оваа четка ќе поцрни. Се наводенува четката со вода и со влакната на четката земате прашок и четкате 2-3мин исто како со паста за заби. Во почеток додека да се распореди прашокот насекаде низ забите има чудна конзистенција но после кога и плунката ја завзема својата улога све е лесно. На крај плакнете ја убаво устата со вода и продолжувате со четкање со паста за заби за да се тргнат ситните делови од прашокот кои заостануваат во тесните простори меѓу забите. Одма после првото чистење ќе приметите дека вашите заби се почисти. Се преферира да се четка со активен јаглен 1 – 2 недели секоја вечер, после тоа според потребата.

Дали активниот јаглен е абразивен?

Поради тоа што забите не се регенерираат, употребата на некоја супстанца која го троши забниот емајл може и да биде штетно. Ефектот на белење стои во порозноста на материјалот, додека загриженоста во неговото абразивно ниво.

RDA (relative dentin abrasivity) е вредносна мера за мерење на абразивноста на денталните продукти прифатени од FDA, која сугерира вредности помали од <200.
Активниот јаглен има RDA скала од 70-90 , додека повеќето пасти за белење на забите имаат RDA скала од 100-200.

Употребата на активниот јаглен

Секогаш консултирајте се со стоматолошките професионисти пред да започнете каков и да било третман за белеење на забите. Абразијата на забите се случува кога нивото на емајлот и дентинот се консумира при абнормални процеси. При одржување на оралната хигиена дома секогаш избегнувајте да користите поголем притисок при четкање, избегнувајте четки со тврди влакна и непознати супстанци. Кога мекиот дентин е веќе изложен тогаш процесот на абразија продолжува со побрз тек и оралниот статус е компромитиран. Зачувувањето на емајлот потпомогнува во одржувањето на една здрава насмевка и ги намалува шансите за проблеми од оваа природа.

Кога станува збор за активниот јаглен за чистење и белење на забите , се препорачува внимателност. Прекумерната употреба може да доведе до ерозија.
Summa summarum. Се препорачува рационална употреба на активниот јаглен за белење на забите; помага за отстранување на дисколорациите и подоброто чистење на забите, ја детоксифицира оралната празнина, го отстранува лошиот мирис, превенира размножување на бактерии. Забележано е дека помага при белење на забите но секогаш треба да се има внимателност од прекумерна употреба. Вреди да се проба, секако!

Ариф Арифи е роден на 27.02.1990 во Тетово. Средното образование го завршува во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ - природно математичка насока, во Тетово. Во 2008 година се запишува на додипломски студии на Стоматолошкиот Факултет (програма Доктор по Стоматологија) при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје. Дипломира во 2013 г. Во 2014год се запишува на постдипломски студии во Стоматолошкиот Факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје и во соработка со University of Greenwich, Medway School of Science – Chatham Maritime, Kent, United Kingdom каде и го обработува научниот дел од својот труд ``Компарација на својствата на различни типови светлосно-полимеризирачки ортодонтски атхезиви (In-vitro студија)``. Во фебруари 2016год успешно го брани својот труд и се стекнува со назив Магистер по стоматолошки науки. Зборува течно албански (мајчин јазик), македонски, англиски и српско-хрватски. Добро ги владее компјутерските вештини. Покажува посебен интерес за спортот (рекреативно се бави со спорт поради тоа што мисли дека, како медицински лица, треба да бидеме физички подготвени да им пружиме помош на пациентите), технологијата, музиката, филмовите; а во професионален аспект посебен интерес има за Ортодонцијата. Како студент учествува на 19-от Меѓународен научен конгрес на студентите по стоматологија во Охрид 2012, со објавен труд „Ортодонтски третман со Invisalign“ и активно ги следи семинарите за професионална надоградба и најновите трендови во областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Од 2013год - Приватна ординација ПЗУ „САНОДЕНТ“ во Гостивар. Од 2018год е ангажиран и како part-time асистент за практична настава во Стоматолошкиот Факултет при Државниот Универзитет во Тетово. Ја поздравувам иницијативата за создавање на ваков преубав и корисен портал. -Порталот Доктори.мк е место каде медицинските лица имаат можност да го истакнат своето знаење, а истовремено и пациентите се поблиску до информациите за многу актуелни проблеми, заболувања и совети за водење на здрав живот. Мене ми е голема чест и задоволство да сум дел од тимот на Доктори.мк и се надевам дека сите заедно преку нашите статии ќе придонесеме за едуцирање и создавање на здраво општество. https://www.linkedin.com/in/arif-arifi-a57a9683 Instagram: @ aarifi & sanodentdentalclinic