Секој од нас слушнал за народските билки – вртипоп и мента. Но и за нивните познати имиња – камилица и нане. Тие не асоцираат на ливада, на тревник со мали бело жолти цветчиња и на миризливи зелени грмушки со виолетови нане цветчиња. Секој од нас, исто така, многупати во животот пиел чај од овие билки. Но, дали вистински, знаеме кои се тие всушност?
Билката камилица (Matricaria chamomilla), уште позната и како вртипоп, е една од најстарите лековити растенија познати на човештвото. Потекнува од Источна Европа и Блискиот Исток. Старите Египќани, камилицата ја користеле како лек за треска, реума, изгореници, несоница и при проблеми со варење на храната. Се бере за време на цутење, во април и мај. Исушените цветови на камилицата содржат многу терпеноиди и флавоноиди, кои придонесуваат за нејзините лековити својства.
Дали сте знаеле дека во светот дневно се пијат над милион чаши чај од камилица. Со ова се покажува популарноста на оваа билка, како и нејзината широка употреба. Без разлика дали ќе ја користите за аеротерапија, за нега како главна состојка во козметиката или за некое смирувачко и лековито дејство.
Билката камилица е позната по своите релаксирачки и смирувачки дејства со што помага во подобрување на сонот, ги ублажува болките во стомакот, ги олеснува симптомите на синдром на нервозни црева и во комбинација со нане, помага во варење на храната. Преку глицинот помага во смирување на грчевите во мускулите. Исто така, со консумирање на чајот од камилица го управуваме дијабетесот, т.е. прогресијата на дијабетичните компликации и хипергликемија.
Позната по благото делување, камилицата може да се примени и кај деца и против грчеви во стомакот кај бебињата. Има антибактериско дејство со што помага при подигнување на имунитетот и во борбата против настинките. Многу од нас, чајот го користат за инхалација при настинка.
Во секој дом, покрај камилицата, присутна е и билката нане. Без разлика дали во дворот или во саксија во вашиот дом, пријатниот мирис и лековитото дејство не го остава рамнодушен никого. Нането или ментата ја користиме како освежувач на воздухот во домот, како зачин во повеќе национални јадења, делува на осетливите рецептори во устата и грлото, при што брзо испарува и остава чувство на ладење. Се користи при намалување на лошата миризба од устата, за орална хигиена, го има во пастите за заби и течностите за испирање на уста, во мастиките за џвакање. Но покрај овие примени, нането има и голем спектар на лековити дејства.
Нането(Mentha piperita) особено поволно делува на дигестивниот систем и ги остранува тегобите во стомакот. Билката нане со своите состојки ги олеснува грчевите кои се последица на камен или песок во жолчката, ги смирува грчевите во желудникот и цревата, ја намалува кашлицата, настинката, мачнините, подуеноста во стомакот. Содржи полифеноли, флавоноиди и тритерпенски киселини, кои помагаат во смирување на воспалителните процеси во организмот.
Етеричното масло од билката нане делува и како аналгетик (ги смирува болките), и поради тоа може да се користи и како локален анестетик, дејство поради кое се користи за опуштање на мускулите. Билката е добар извор на разни минерали, на прво место калиумот. Потоа на калциумот, железото, магнезуимот и манганот. Од витамини ги содржи C, E, K, B6, A и бета каротен. Во топлите летни денови, чајот од нане се користи како освежителен напиток, но покрај тоа може да го употребиме како зачин во многу безалкохолни коктели.
Комбинацијата на камилицата и нането доведуваат до поголемо олеснување во дигестивниот тракт. Но, доколку на оваа комбинација, се додадaт и пробиотици можеме значајно да подобриме повеќе дигестивни проблеми. Со нивно тројно комбинирање се создава совршен баланс меѓу метаболизмот и варењето на храната, како и зголемување на имунолошката отпорност на организмот. За повеќе информации, погледнете на Пробаланс.