Деновиве сме сведоци како новиот вид на коронавирус или болеста која ја предизвикува Ковид 19 зазема сè поголем замав како на национално, така и на светско ниво и како бараме начин и метод за негово справување.
Овој вирус покрај сè може и да се одрази и врз самата трудница доколку не се прават редовни гинеколошки контроли. Овие контроли се особено важни, не само за вашето здравје туку и за добросостојбата на вашето бебе.
Доколку имате симпоми на оваа инфекција и сте бремени, потребно е веднаш да се јавите кај вашиот матичен гинеколог со задолжително ставање на маска на вашето лице, да држите растојание од 2 метри едни помеѓу други и во вашата епидемиолошка анкета задолжително пријавете ги во целост вашите симптоми и контакти за можен ризик.
Веројатноста трудниците да се заболат од овој вирус е доста на високо ниво. Од досега објавените информации за заболен број на трудници што се позитивни на Ковид 19 е доста мал, што е добро. Повеќето здрави трудници што се позитивни на Ковид 19, би требало, доколку се без симптоми или со блага симптоматологија, да бидат згрижени дома, а да останат во контакт со својот матичен гинеколог или лекар.
При самото влошување потребна е нивна хоспитализација и нега. Во врска со самото породување на заболената трудница, колку е вирусното заболување поблиску до породувањето, толку се помали ризиците на плодот.
Нема знаци дека Ковид 19 ги зголемува ризиците од аномалии на плодот, иако знаеме само за неколку жени што го добиле вирусот во периодот на органогенеза, односно три месеци по забременување.
Меѓутоа некои истражувања досега покажале дека бебето може да расте доволно, соодветно за гестациската недела односно да се здобие со интраутерин застој во растот по инфекцијата слична на Ковид 19.
Доколку самата трудница е во фаза на породување, поради можна хипоксија (недостиг на кислород) или застој во породувањето, може да биде отежнато спонтаното вагинално породување и во тој случај препораката е породувањето да се изврши со царски рез.