Синус лифт

0

Денешната современа имплантологија дозволува проширување на индикациите за вградување на орални импланти. Во последните години развиени се голем број на хирушки техники со цел припрема на приемната регија, корекција на неповолните услови присутниот волумен и квалитетот на коската.

Лимитантните фактори за имплантација, како слаб квалитет на коската, недоволна количина коска на резидуалниот алвеоларни гребен, недоволна висина и\или ширина и неповолен облик на гребенот, со најновите откритија на молекуларната биологија и хистохемија е примената на биоактивни препарати. Плазма богата со тромбоцити (PRP) може да се употреби како индикационо средство за активирање на остеобластите, благодарение на присуството на биоактивни полипептиди тн. фактори на растот.

 

Бочниот предел на горната вилица е најнеповолна регија за имплантација, заради слабиот квалитет на коската која е спонгиозна и разредена и можноста за ресорпција на коската и пнеуматизација на синусот. Алвеоларниот гребен ги носи забите, ја прифаќа и дистрибуира мастикаторната сила. Губењето на забите претставува престанок на сите овие функции, што доаѓа до проширување на синусот. Синус лифт е техника која со помош на аугментација се аплицира коскени трансплантат помеѓу подот и слузокожата на синусот и се обезбедува потребната количина фундамент за вградување на имплантат. Оваа процедура преферира познавање на индикациите, анатомските структури и висок степен на хирушка вештина.

Целта на подигнувањето на синусот е зголемување на коскената маса за имплантација. За графтување на синусот се користат различни материјали, алогена и аутологна коска, алопластична замена и комбинација на овие материјали. Аутологна коска е трансплантат одвоен од калварија, тибија, колкот, реброата или брадата, односно рамусот. Алогени материјали најчесто употребувани се хумана деминерализована сува коска, хидроксилапатит, препарати на база животинско потекло, говедско, коњско потекло…

Синус лифт е техника која ги избегнува контраиндикациите за имплантација и овозможува и функционално и естетско решение.

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.