Дали знаете дека вашето орално здравје може да покаже индикации за вашето целокупно здравје – или дека проблемите во устата можат да влијаат на остатокот од вашето тело? Интимната врска помеѓу оралното здравје и општата здравствена состојба доколку ја знаете можете да се заштитите себе си.
Која е врската помеѓу оралното здравје и општата здравствена состојба?
Како и многу делови од телото, устата е преполна со бактерии – повеќето од нив се безопасни. Природната одбрана на телото и добрата орална здравствена заштита, како што е четкањето на забите и нивно испирање, може да ги задржи овие бактерии под контрола. Сепак, без соодветна орална хигиена, бактериите можат да достигнат ниво кое може да доведе до орални инфекции, како расипување на забите и заболување на непцата.
Покрај тоа, одредени лекови, антихистаминици, аналгетици, антидиуретици, можат да го намалат протокот на плунката. Плунката ја омекнува храната и ја неутрализира киселината произведена од страна на бактериите во устата, помагајќи во заштитата од микроинвазија или прекумерен раст, кој може да доведе до болест. Оралните бактерии и воспалениата поврзани со периодонтитис – тешка форма на заболување на непцата – може да игра улога во некои болести. Покрај тоа, одредени болести, како што се дијабетис…, може да ја намалат отпорноста на организмот од инфекции и доведуваат до орални здравствени проблеми.
Врз вашето орално здравје може да влијаат, односно да придонесат за развивање различни болести и состојби, вклучувајќи:
- Ендокардитис. Ендокардитис е инфекција на внатрешната обвивка на срцето (ендокардиум). Обично се јавува кога бактериите или други бактерии од друг дел од вашето тело, како што е вашата уста, се шират преку крвотокот и се прикачуваат на оштетените области од срцето.
- Кардиоваскуларни болести. Некои истражувања покажуваат дека срцевите заболувања, артеросклероза, мозочен удар, можат да бидат поврзани со воспаление и инфекции кои оралните бактерии можат да ги предизвикаат.
- Бременост и породување. Периодонтитис е поврзан со предвременото породување и ниската родилна тежина.
- Дијабет. Дијабетисот ја намалува отпорноста на телото на инфекции. Заболувањата на непцата процентуално е потешка и почеста кај луѓе кои имаат дијабетис. Додека оние кои имаат проблеми со гингивата имаат потешко време на контролирање на нивото на шеќер во крвта.
- Алцхајмерова болест. Губењето на заби пред 35-годишна возраст би можело да биде фактор на ризик за Алцхајмерова болест.
- Сјогренов синдром. Предизвикува нарушување на имунолошкиот систем и појава на сува уста и нарушување на исхраната.
За заштита на вашето орално здравје, практикувајте добра орална хигиена секој ден. На пример:
- Миење на забите најмалку два пати на ден.
- Користење на забен конец.
- Конзумирајте здрава исхрана со ограничувања меѓу оброците.
- Заменувајте ја вашата четка за заби секои три месеци или порано ако нејзините влакна се искинат.
- Имајте редовни стоматолошки прегледи.
Обратете се кај вашиот стоматолог веднаш штом се појави проблем со оралното здравје. Сетете се, грижата за вашето орално здравје е инвестиција за вашето целокупно здравје!
Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-