Мит 2: Ракот на грлото на матката е само здравствен проблем

0

Вистина: Ракот на грлото на матката е сериозен ризик за жените во многу земји кои се во развој , како и на нивниот социјален и економски развој, оваа болест се заканува да го попречи напредокот направен во последната деценија во здравјето на мајките, образованието, родовата еднаквост и сиромаштијата.

Објективност на ракот на грлото на матката

Разликата во случаите на рак на грлото на матката и смртните случаи во светот е запрепастувачка. Ракот на грлото на матката е ретка причина за смрт од рак во развиените земји, но е втор најчест рак кај жените во целиот свет.


Факти

-Многу земји со низок и среден приход сега се соочуваат со двојно растечки број на заразни и незаразни болести, вклучувајќи и рак.

-Со глобална проценка на 530.000 нови случаи секоја година, ракот на грлото на матката е втор најчест рак кај сите жени на глобално ниво.

-Околу 85% од случаите се јавуваат во помалку развиените земји.

-Годишно, ракот на грлото на матката убива околу 275.000 жени, околу 88 % од нив живеат во земјите во развој.

-Ако ништо не се преземе до 2030 година, рак на грлото на матката ќе убие околку 430.000 жени, речиси сите во земјите со низок приход.

-Разликите помеѓу земјите и во самите нив се должат главно на разликите во пристапот, достапноста и користењето на услугите во врска со превенцијата, раното откривање на болеста и третманот на истата.

-На пример, околу 75% од жените во индустријализираните земји извршиле преглед за рак на грлото на матката во период од пет години, во споредба со помалку од 5% во земјите во развој.

-Исто така, пристапот до ХПВ вакцини е ограничен главно на земјите со повисок приход. Почнувајќи од октомври 2012 година, од 51 земја со национална програма за ХПВ вакцинација само 1 е земја со низок приход (Руанда) и 5 се земји со помал среден приход (Бутан, Фиџи, Лесото, Маршалски Острови и Микронезија ).

-Ракот на грлото на матката претставува сериозна закана за остварување на Милениумските Развојни Цели (МРЦ) кои требаше да истечат во 2015. Оваа болест влијае на образованието (МРЦ 2), кое обично е во рацете на мајката, а таа е клучна за да се намали смртноста кај децата (МРЦ 4).

Бидејќи жените кои умираат од рак на грлото на матката се во цутот на младоста, семејствата често ги губат личностите кои заработуваат и го одржуваат семејството и со тоа ги испраќаат истите во сиромаштија (МРЦ 1). Затоа, здравјето на жените (МРЦ 3) и здравјето на мајките (МРЦ 5) се клучни за да се постигнат Милениумските Развојни Цели (МРЦ) и превенцијата од ракот на грлото на матката игра улога во постигнувањето на тие цели.

Цервикален канцер: Инвестирање и економски развој

Покрај спасување животи, со насочените стратегии за превенција и третман за рак на грлото на матката и други видови на рак може да се подобри економскиот развој во многу земји.


Факти

-Соодветно , предвидливи и одржливи ресурси за сеопфатен пристап кон ракот на матката (вклучувајќи ХПВ вакцинација, спречување на ракот на матката и третман) треба да бидат обезбедени преку домашни, билатерални, регионални и мултилатерални канали, вклучувајќи ги и традиционалните и доброволно иновативни механизми за финансирање.

-На пример, само 5% од глобалното трошење за ракот е во земјите во развој, за разлика од речиси 80% смртни случаи од рак кои можат да се превенираат а се појавуваат во земјите во развој.

-Големиот ризик што го претставува ракот на матката за економскиот раст и развој се уште не е признат и покрај фактот што тој може да се управува ефикасно преку воведување на докажани, ефективни интервенции.

-Инвестициите во рано откривање и лекување на цервикалните преканцерози и лезии во рана фаза е “best buy” на СЗО, односно многу економична, високо влијателна, достапна и остварлива интервенција која би можела да го намали севкупниот товар од рак за 5%.

-ХПВ вакцинацијата може да биде многу исплатлива дури и во најсиромашните земји ако трошоците за вакцината се намалат и со тоа ќе се добие повисока покриеност на млади жени.

-И покрај предвидените трошоци за глобално воведување на интервенции за спречување на ракот на матката и други незаразни заболувања, поверојатно е дека неактивноста ќе биде далеку поскапа.

Грлото на матката и јавната политика

Постигнување на правична застапеност на организиран скрининг и програмите за имунизација на сите жени на кои им се потребни бара приготвување повеќе од промени во здравствената политика; таа бара “пристап на целата власт”.

Факти

-Националниот план за контрола на ракот на грлото на матката мора да го има секоја земја за да се посвети на превенција на ракот на грлото на матката, рано откривање, лекување и квалитет на живот.

-Националниот план мора да земе во предвид докажани ефективни решенија, кои се прилагодени на човечките, финансиските и медицинските ресурси на земјата.

-Надвор од здравствениот сектор, важно е да се воспостави ефективно партнерство со образованието, трудот, комуникациите , економијата и финансиите, транспортот и трговијата за спроведување на превентивните програми, кои можат да бидат ефективни и одржливи.

-Пристапот на “целата власт” кон спречување и контрола на ракот на грлото на матката е потребен за да се зајакне националниот одговор на ракот на грлото на матката и да се обрне внимание и на други големи здравствени проблеми кои влијаат на жените и на нивните семејства, преку обезбедување на:

– Силно лидерство и управување
– Достапност на квалификувана и поддржана работна сила која ќе овозможи стратешки интервенции за контрола на ракот на грлото на матката.
– Инфраструктура и логистика за реализација на таквите интервенции рамноправно до целната популација.
– Робустен систем на финансирање на здравството за алоцирање на потребните средства кое се заснова на потребите на населението и да се обезбеди социјална заштита од финансиските ризици поврзани со здравјето.
– Систем за обезбедување на квалитет.

Клучни пораки

Сите жени треба да имаат пристап до ефективна превенција и контролни услуги за ракот на грлото на матката во подеднакви услови, осигурувајќи дека на жените им е направен скрининг за преканцерни лезии, за кои постои третман.

Воспоставување ефективни партнерства надвор од здравјето, особено во образованието, трудот, комуникациите, економијата и финансиите, транспортот и трговијата се од клучно значење за спроведување на одржливи и ефикасни програми за превенција.

Соодветни, предвидливи и одржливи ресурси за сеопфатен пристап за ракот на грлото на матката (вклучувајќи ХПВ вакцинација, спречување на ракот на грлото на матката и третман) треба да бидат обезбедени преку домашни, билатерални, регионални и мултилатерални канали, вклучувајќи ги и традиционалните и доброволни иновативни механизми за финансирање.

Интервенциите за превенција и контрола на ракот на грлото на матката, вклучувајќи големување на скринингот и третманот за преканцерозите и ХПВ вакцинацијата, мора да бидат вклучени во новата група на глобални развојни цели за пост-2015 агенда.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Дарко Стојановски е роден на 20.03.1983 година во Скопје. Со средно образование се стекнал во средното училиште "Орце Николов", Скопје, насока: општа гимназија. Дипломира на Mедицинскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје во 2007г. работно искуство: Доктор на медицина, ПЗУ “Линко Мед“, Скопје (2014-моментално); Медицински консултант, НВО "Борка - за секој нов ден", невладина и непрофитна организација за борба против ракот, Скопје (2011 - моментално); Вешто лице од областа на медицината во Основен Суд Кочани (2010 - 2014); Вешто лице од областа на медицината во Основен Суд Неготино (2010 - 2014); Meдицински претставник, Actavis, Скопје (2010 - 2013); Meдицински претставник, Swanson Health Products, Скопје (2008-2010). обуки и сертификати: Сертификат за Програма за партнерство со лекарите - вештини за продажба, INNOVARA, Inc Софија, Бугарија; Сертификат за семејна медицина - IV Конгрес на земјите од Југоисточна Европа по семејна медицина, Пловдив, Бугарија; Сертификат за Трансакциона Анализа – ТA, Скопје, Македонија; Guerilla Marketing Certificate - Triple S Learning, Скопје, Македонија; CME CVS – Continuing Medical Education Cardiology Certificate - The European Board for Accreditation in Cardiology, Прага, Чешка; IELTS (International English Language Testing System), English language Certificate, British Council, Скопје, Македонија; Сертификат за семејна медицина - III Конгрес на земјите од Југоисточна Европа по семејна медицина, Пловдив, Бугарија; Сертификат за кардиологија - IV Конгрес на земјите од Југоисточна Европа по кардиологија, Охрид, Македонија. Одлично говори англиски и германски, а има познавања и од француски, грчки, италијански и шпански јазик.